Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура денеска донесе одлука на Северна Македонија и на Албанија да им се даде дополнителен рок да постапуваат согласно препораките на Реактивните мисии на УНЕСКО, со што Охридскиот регион не е поместен на Листата Светски културни и природни богатства во опасност.
Драго ми е што Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство, но ова значи дополнителна одговорност, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање на сесијата на Комитетот на УНЕСКО.
Со консензус е донесена одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО – природното и културното наследство на нашиот, светскиот Охридски Регион нема да биде впишано на листата на светско наследство во опасност, напиша на Фејсбук премиерот Заев.
Според министерката за култура Стефоска, Комитетот со оваа одлука го препозна и уважи напредокот на Северна Македонија и Албанија во насока на зачувување и на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.
ФРОНТ – Бранко Тричковски: ВМРО бира како ќе умре. Ако уште еднаш се состане со амбасадорката Барнс, Мицко ќе почне да нуди и евтини билети за лет во вселената.
Во изминативе 24 часа регистрирани се 24 нови случаи на Ковид 19, оздравени се 6 пациенти, нема пријавено починати лица, информираат од Министерството за здравство.
Министерот за финансии Фатмир Бесими преку својот фејсбук соопшти дека американскиот Стејт департмент ги оценил како транспарентни јавните финансии и буџетските документи.
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди дека во сообраќајната несреќа на косовскиот автобус кај Славонски Брод во Хрватска животот го загубиле десет лица, а 44 добиле лекарска помош во тамошната болница
Албанското Министерство за здравство и социјална заштита попладнево и официјално потвди дека во земјата циркулира Делта сојот.
Пет години по усвојувањето на правосудната реформа во Албанија, разрешени се 155 судии и обвинители. Во исто време, 56 сами си поднесоа оставка.
За пеколна ноќ известуваат италијанските медиуми во врска со големиот пожар што синоќа зафати неколку места на островот Сардинија, во близина на местото Сасари.
J. Ѓ.







