ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

26 јули 1963…

July 25, 2021 22:10
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Картите за возот кој требаше утредента да нé однесе на Крк, преку Белград, Загреб до Ријека, па со траект до островот на северниот Јадран, во приватно сместување кое самите требаше да го бараме откако ќе стасаме таму, ги подигнавме на  25 Јули 1963 година, попладнето, кога со новото Фиќо тргнавме со татко ми на Старата железничка станица. Не се сеќавам точно во колку часот требаше да киниса возот, ама знам дека пред да се случи тоа, сите бевме будни…

Можам да речам дека тие билети ни ги спасија животите, а посебно оној на сестра ми, врз чиј кревет се урниса цел ѕид од надворешната страна. Имав 8 кога тоа се случи, а во таа глува тишина, кога и птиците спијат, кога се прекршува ноќта со денот, кога ниту денот е ден, ниту ноќта е ноќ, ние, јас, татко ми, мајка ми и сестра ми бевме будни. Бевме едни од ретките сведоци на доаѓањето на катастрофата. Родителите ги правеа последните подготовки за првото семејно летување на Наше море, кога, се слушна силен татнеж. Не можам да го опишам или да го споредам со друг познат татнеж. Не е бомба, не е атомска бомба, не е ниту динамит, не е ништо познато дури и во денешно време. Тој татнеж, е единствен. Лош, гаден, морничав, неидентификуван, непознат, мрачен, подземен, страшен. Го слушаш од далеку и чувствуваш како се приближува кон тебе како тешка преторијанска коњица во силен галоп, како закана која ти вели, бегај, трчај колку можеш посилно ама излези надвор и барај си го чарето…

Сцената на која се сеќавам како да беше вчера, е како се држам за десната дланка на татко ми со која во неопислив стисок ме влече како партал, а во левата подлактица ја држеше сестра ми во крило припиена во неговото тело, а мајка ми како загрижена лавица не турка од позади, сите четворица истрчавме надвор, и чинам, дека само што стапнавме на отворен простор сé почна да се ниша и да се руши. И куќите, и бетонската ограда од училишниот двор на Даме Груев, и земјата. Одеднаш, и најцврстите градби се претворија во картон и стиропор со кој некој си поигрува како со детска играчки, ги крши, ги руши за да произведе густа прашина, измешана со единствени крикови и лелекања на жени, мажи и деца. Стасавме до ширинката на една природна височинка која нудеше каква таква сигурност, и седнавме на тревата. Земјата уште се тресеше. И застана, се изгуби звукот од татнежот. Исчезна…

Тоа што го гледавме и слушавме беше тажно. Голи жени, мажи, деца, раскрвавени во нозете, лицата, рацете, плач и крик за помош. Никој не го знаеше одговорот на прашањето што се случи. Сите креваа раменици. Не поминаа ни три или четири минути на молк, кога повторно се јави подземната закана. Овој пат посилно и погласно. Како крдо разјарени бизони кои сакаат да излезат од утробатра на земјата. Тој, вториот удар, велат дека бил катастрофалниот. На 26 јули 1963 година требаше да заминеме на Крк, ама Скопје, мојот роден град, стана од сон, осамна во пепел и прав, доживеа катастрофален земјотрес, возовите не се движеа…

Во името на тие билети, кои за жал никогаш не ги искористивме, бевме сведоци на скопската катастрофа, и го доживееме и преживеавме катастрофалниот земјотрес. Да не се повтори…

 


Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

Next Post

Почнуваат ИПАРД инфо деновите за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk