Откако претседателот на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, на својот фејсбук профил објави фотографија од себе во комитска облека која сугерира на Тодор Александров, реакциите на социјалните мрежи не стивнуваат.
На Твитер, @Mijakott со шеговита и сугестивна фото-монтажа – Гоце Делчев и Пандов, која е пропратена со бројни „сериозни“ коментари.
„Наметката му ги крие ангелските крилја“
„Зини земјо изеди ме“;
„Ее ПандОФФ алијас Викторија Сикрет чупана веѓа, каде падна. Половина од членството те дупи… Па и споредби со Тодор Александров, да беше жив Старио, сите ќе висевте на дрво шутмангали едни“;
„Такви глумци преполна е Македонија“… се само дел од коментарите што може да се прочитаат на социјалните мрежи под фотомонтажата.