Македонскиот премиер, Зоран Заев, денеска ги пречека албанскиот премиер Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ. Попладнево, тие беа на прошетка низ центарот на градот. Заев на социјалните мрежи сподели неколку фотографии и напиша:
„Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов.
Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој за првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување.
Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите. Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи.“