ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Како се наградуваат олимписките спортистки и спортисти?

August 1, 2021 10:58
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ, ФРОНТ
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Буџетот за подготовки, изградба на објекти и самото одржување на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио изнесува 14,5 милијарди долари. Најуспешните од околу 11.000 спортисти на ЛОИ оваа година ќе се закитат со 1.017 медали на 339 спортски настани за 17 дена, колку што трае Олимпијадата (23 јули-8 август).

Олимпијадите се врвни животни остварувања, самото учество е голем успех, а олимписки медал е сон на секој спортист во светот. Секој од нив го посветува животот, со многу жртви и инвестиции, да постигне резултати во олимписките спортови. Но наградниот буџет не спаѓа во споменатите 14,5 милијарди долари колку што е салдото на Токио 2020. (Требаше да се одржи лани, но пандемијата го спречи тоа, оттаму „2020“ во називот.)

Олимписките спортистки и спортисти, освен славата и признанијата, добиваат и парични награди, но дома. На олимпискиот пиедестал добиваат медали и светско внимание. Олимписките комитети во државите или владите се тие што ги наградуваат спортистите со чии олимписки медали може да се возгордее секоја земја во светот.

Така и нашиот сребрен олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски, освен аплаузите и медалот од светската спортска арена, ќе добие 2 милиони денари од Владата. Или, кога веќе тргнавме со доларската валута, Георгиевски, со одлука на Владата, ќе биде награден со околу 50.000 долари, и Град Скопје.

Како тоа изгледа во светот? Со прелистување на интернет извори, ќе дознаеме дека Американскиот олимписки комитет одобрува 37.500 долари за секој златен медал, 22.500 долари за сребрен и 15.000 долари за секој бронзен медал. Сепак, буџетот за награди за олимписките спортисти кои дома однеле медал, во случајот со САД, достигнува вртоглави, милионски суми. Само во 2016 година, спортистките и спортистите на САД од олимписките терени во Атина, однесоа 46 златни, 37 сребрени и 28 бронзени медали. Удрете математика, ама внимателно, молам, знаете дека имаме еден многу прецизен математичар во државата.

Државите чии спортисти освојуваат неспоредливо помалку медали, се многу подарежливи. Така, Сингапур исплаќа награда од фантастични 744.000 долари за олимписко злато, 372.000 долари за сребро и 286.000 за бронза. И Хонгконг е дарежлив: 644.000 долари за злато, 322.000 за сребро и 161,000 долари за бронза.

Малезија нуди 241.000 долари за златен, 72.200 за сребрен и 24.100 долари за бронзен медал. Плус, доживотна плата за секој спортист што ќе ја направи својата земја горда со некоја од олимписките победи.

Но Сингапур, Хонгконг и Малезија на крајот поминуваат далеку „поевтино“ од Американците. На претходната Олимпијада, во Сингапур пристигна само еден златен медал и ниту еден во Хонгконг. Оваа година, спортистите од Хонгконг имаат повеќе успех. На средината од Токио 2020, Хонгконг се закити со еден златен и два сребрени медали. Малезија во 2016 година со голема радост дочека пет медали, четири сребрени и еден бронзен медал.

Податоците за правата на емитување, рекламите и другите бизнис операции поврзани со олимписките спортови се, исто така, вртоглави.

Така што, иако на прв поглед можеби изгледа висока, наградата за македонскиот таеквондист е одмерена и заслужена. На ЛОИ во 2012 и 2016 македонските спортисти не добија ниту еден медал, како и, впрочем, многу други земји, поголеми и побогати, со добри политики за негување на спортовите.

Во македонскиот случај, не е чудно. Единствената спортска дисциплина која владата (на Груевски) го негуваше во времето на претходните Летни олимписки игри беше само криминал во олимписки размери.

 

ПС. Овој текст им го посветувам на Јане Ѓорѓиоски и Ацо Лукароски, вистински познавачи на спортот и промотори на олимпискиот дух и олимписките успеси на македонските спортистки и спортисти. 


Текстот е личен став на Авторот.
Creative Commons 4.0

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Со пригодна државна програма утре се чествува државниот празник 2 Август – Ден на Републиката и Илинден

НАЈНОВО

Поетскo-музичкиот перформанс „Волкот на љубовта” со Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски, и Добрила Грашеска како гостинка

September 16, 2025

Пројковски добитник на Награда за најдобра режија, „Брачно советувалиште“ најдобра претстава на 12. фестивал „Гола месечина“

September 16, 2025
Фото: Фејсбук профил на Х. Мицкоски

Мицкоски: Постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk