Руската женска ракометна репрезентација ќе игра со Норвешка во полуфиналето на Олимписките игри во Токио.
Русија во полуфиналето ја совлада Црна Гора со 32:26, додека Норвешка во вториот денешен четвртфинален меч ја победи Унгарија со 26:22.
Натпреварот меѓу Русија и Норвешка ќе се одигра на 6 август.
Другите полуфиналисти ќе бидат познати по одигрувањето на натпреварите:
Шведска – Јужна Кореја (почеток 10 часот) и
Франција – Холандија (13:45 часот).
Одбојкарките на Србија во полуфинале со САД на Олимписките игри
Женската одбојкарска репрезентација на Србија ќе игра во полуфинале. Србинките претпладнево во четвртфиналето со 3:0, по сетови 25:21, 25:14 и 25:21 ја совладаа Италија.
Ова е десетто полуфинале на српската репрезентација на големите натпреварувања (ОИ, ЕП и Мундијали).
Противник на Србија во следната рунда ќе биде селекцијата на САД.
Во другото полуфинале ќе се соочат Јужна Кореја и подобриот од пресметката меѓу Бразил и Русија закажана за денес во 14:30 часот.