ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На сила препораките против аерозагадувањето во Битола

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачува да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација

December 18, 2019 10:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поради енормно загадениот воздух во Битола, Општината  издаде препораки до граѓаните да користат јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат во едно возило во исто време, да не се користи прегорено отпадно масло за затоплување простории, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ-амбалажа, парчиња гума или кој било друг синтетички материјал и правилно да се користат печките на дрва.

„Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во кој е дефиниран прагот на информирање за суспендирани честички со големина од десет микрометри (PM10) надминување на вредноста од 100µg/m3 во текот на два последователни денови и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека истиот е надминат во мерната станица Битола 2:
на 16.12.2019 – 171.82 ( µg/m3) и на 17.12.2019 – 202.98 ( µg/m3).

Апелираме граѓаните да ги применат и поддржат препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање донесени во координација со Интерсекторската работна група за воздух, во која членуваат и претставниците на Секторот здравство, во случај на надминување на прагот на информирање за PM10“, се вели во соопштението.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје препорачува да се ограничи движењето и активностите на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хронични болести на белодробниот и срцево-садовен систем, со посебен ризик за болните од белодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Покрај ова, се препорачува земање витамини (антиоксиданси), главно преку исхраната (свеж сезонски зеленчук и овошје), по потреба и додатоци, односно суплементи. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија од матичните лекари и да се придржуваат до препорачаниот диететски режим со намален внес на масна и солена храна.

Next Post

Во САД демонстарции за отстранување на Трамп од власт

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk