ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вечерен преглед: Неколку активни пожари, романскиот авион гаси во Беровско, Владата одржува седница, можно воведување анти – ковид рестрикции во цела земја

August 7, 2021 20:55
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Романскиот Спартан гаси во Беровско, на терен се и пожарникарите, екипи од Австрија, Бугарија, Словенија, тимови на ЦУК и ЕВН. Авионот направи два лета, а потоа ќе продолжи гасењето на пожарите со  армиските хелокоптери. Неколку  километри одалечено од пожарот обезбедивме цистерна со керозин за да не мора да се лета до Скопје, исто така за да намалиме на времето во блзиина до цистерната има базен каде се полнат хеликоптерите со вода  за да не се оди до вештачките акумулации кои се подалеку.  Немаме искуство со гасење на пожар со ваков авион, па се уште е рано да ги кажеме нашите импресии. Се работи за авион Ц27Ј Спартал кој носи 6 тони на вода, изјави директорот на ЦУК, рече Ангелов.

Груби: Охридскиот договор, изворот на конфликт го трансформираше во извор на социјална кохезија, преку обезбедување еднаквост за сите. Сега, кога пристапуваме до сите архиви, гледаме дека евроатлантската перспектива на земјата е загарантирана токму со спроведувањето на Охридскиот договор и добивањето статус на земја-кандидат за членство во ЕУ на нашата земја е директен резултат на спроведувањето на Охридскиот договор, во декември 2005 година, истакнал Груби.

МОН: Повик за распределба на 17,3 милиони денари за развој и опремување на лабораториите на факултетите и научните установи. Јавниот повик преку кој ќе се распределат предвидените средства, овозможува аплицирање за три типа на поддршка и тоа: за формално признавање на компетентноста на лабораториите, на пример преку акредитација на методите кои ги применуваат во работењето, понатаму поддршка за одржување на техничката компетентност и воведување на нови аналитички методи во рамки на лабораториите и поддршка за набавка на опрема што подразбира модернизација на лабораториските ресурси.

Во Косово, од 20 август само вакцинирани ќе можат во трговски центри, ноќни клубови и на забави. Во соопштението се наведува дека на состанокот со министерот за здравство Арбен Витиа била донесена и одлука за задолжителна вакцинација на вработените во овој сектор, кои мора да ја исполнат до 12 август.

Спајсер: Трамп ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година, изјави поранешниот советник и портпарол на Трамп, Шон Спајсер. „Тој ќе учествува“, рече Спајсер за време на интервјуто за неговата книга, која наскоро ќе биде објавена под наслов „Радикална нација: Опасниот план на Џо Бајден и Камала Харис за Америка“.

Во Италија уапсена шефицата на Неаполската мафија. Позната по прекарот „Пиколета“ (малечка) затоа што е ниска, Личарди (70) е сестра на покојниот Генер Личарди, основач на мафијашкиот клан Камора, лоциран во Неапол.

Владата на Република Северна Македонија, вечерва, со почеток во 19:00 ч. ја одржува редовната 97-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

И. Т. З.
Next Post

Владата ја одбележува 20-годишнината од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 6 ноември

November 6, 2025
Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk