ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Речиси 400 новозаразени, меѓу починатите од ковид последици 29 родилка од Куманово, Армијата клучна поддршка во гасењето на огнените стихии…

August 8, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 398 случаи на Ковид 19, пријавени се 4 починати. Во последните 24 часа се направени 6.383 тестирања, а регистрирани се 398 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 136, Тетово – 86, Гостивар – 46, Куманово и Кичево – по 23, Битола – 15, Охрид и Струмица – по 13, Дебар – 10, Струга – 6, Кавадарци – 5, Кочани – 4, Прилеп и Валандово – по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен – по 2, Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод  – по 1.

Навремено се предложени мерките, раководителите да ги мотивираат вработените да се вакцинираат – порача Филипче.

Од ковид компликации почина 29-годишна родилка, бебето е во инкубатор. Дваесет и деветгодишна родилка од Куманово почина од компликации на ковид-19. Неколку дена била во тешка здравствена состојба, а последните три дена била хоспитализирана на Инфективната клиника. Таа претходно се породила во седмиот месец од бременоста и бебето е во инкубатор.

Заев: Солидарноста на народот, системското функционирање и хиерархиска поставеност во координација со меѓународни сили, дадоа резултат. Нашите херои пожарникарите, полицијата, припадниците на Армијата, шумските стопанства и државните органи за справување со кризи се најзаслужни за справувањето со пожарите“, рече премиерот Заев.

Активни десетина пожари во Малешевијата, Штипско, Скопско, Прилепско, Велешко, Тетовско и Кумановско. Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци и од силниот ветер огност се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.

Шахпаска: Системот на социјална заштита е ефикасен, и во случајот со пожарите во зависност од потребите на граѓаните реагираме брзо и навремено. Според Шахпаска, системот на социјалната заштита функционира, што се виде, особено во периодот на пандемијата, кога беа олесенети критериумите за влегување на граѓаните во социјален ризик. Доказ за тоа, рече таа, се дополнителните 7.500 семејства кои влегоа во системот на социјална заштита.

Сопственикот на Рагуза: Голема благодарност до пожарникарите, среќни сме што нема жртви, ресторанот ќе функционира за 10 дена. „Искажуваме огромна благодарност до противпожарната служба за брзата интервенција. Дополнително благодарност и до градоначалникот Петре Шилегов за набавката на новото противпожарно возило без кое огнот немаше брзо да се локализира и несомнено ќе имаше поголеми последици. Очекуваме ресторанот нормално да функционионира за 10 дена“, напиша Големеиќ на Фејсбук.

Пуерлизам, македонизам и кретенизам- пишува Бранко Тричковски.

Пендаровски: Никој нема да го заборави извонредниот напор што го прави Армијата при гаснењето на пожарите. Огромна благодарност уште еднаш до Вас и до Вашите семејства. Никој нема да Ви го заборави овој извонреден напор што го правите. Се надевам дека пожарите нема уште долго да траат и ќе можете полека да се враќате на редовната воена служба и на Вашите семејства, им порача претседателот Пендаровски на припадниците на Армијата.

 Шекеринска: Армијата дава клучна поддршка во справувањето со пожарите. Шекеринска порача дека Армијата дава и ќе продолжи да дава огромна поддршка во справувањето со пожарите низ целата држава. Таа додаде дека иако пожарот во реонот на селото Топлица е изгаснат, војниците ќе продолжат да бидат присутни во овој регион, наведоа од Министерството за одбрана.
Шарма: Следува крајно алармантен Извештај на ОН за климатските промени. Ова ќе биде најсилното предупредување досега дека човечкото однесување алармантно го забрзува глобалното затоплување и затоа ова е моментот кога треба да реагираме, рече Шарма. Не можеме да си дозволиме да чекаме две години, пет години, 10 години – ова е моментот, додаде тој, објаснувајќи дека ако нациите „не дејствуваат сега, за жал, нема да имаме време“.
И. Т. З.
Next Post

Во Дебар расте бројот на заразени со Ковид-19, а ретко кој почитува мерки

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk