Под слоганот „По Охрид“ во земјава се одбележува 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во 2001 година.
Стево Пендаровски – Рамковниот договор го издржа тестот на времето, тој е предност, а не пречка за нашиот развој и просперитет. Со секоја фаза од неговата имплементација не се зголемуваа, туку, напротив, се намалуваа внатрешните конфронтации по етнички линии, рече претседателот Пендаровски кој беше близок соработник на двајца од потписниците на договорот.
Зоран Заев: „После Охрид“, ние сите заедно изградивме Едно и еднакво општество, каде секој може да најде просперитет и подобра иднина.
Талат Џафери – Охридскиот рамковен договор ги постави новите правила на општествената кохезија и подоброто меѓуетничко функционирање, и беше најцврстиот темел врз кој го трансформиравме видливо нашето мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество, истакна претседателот на Собранието.
Артан Груби – Да не беше Охрид, ќе ги немаше ни Преспа, ни НАТО. Нашиот предизвик „По Охрид“, е владеење на правото, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, прифаќање на разновидност и вклученост, кредибилни демократски институции и квалитет на живот преку прифаќање на зелената агенда.
Фатмир Битиќи – Една татковина, едно општество, за сите, бидејќи секој заслужува еднакви шанси! Добри меѓуетнички односи, социјална кохезија, недискриминација и толеранција, нивно имплементирање и континуирано практикување се основните постулати на Охридскиот рамковен договор.
Сите анкети го потврдуваат високиот рејтинг на премиерот Зоран Заев, не му бега нов изборен пораз на Мицкоски. Тоа го покажаа претходно објавените анкети на Брима, ИРИ, како и анкетата спроведена од Телма/МЦМС.
Заклучно со вчера, вакцина досега примиле 571.392 граѓани, ревакцинирани се 462.192 односно аплицирани се вкупно 1.033.584 дози. Прва доза вакцина вчера примиле 8.808 граѓани, а вкупно биле вакцинирани 15,574.
Фолк пејачката Ирена Спасовска, која е член во Управниот одбор во Здружение на естрадни уметници на Македонија, ЗЕУМ, и која ги иницираше преговорите со Владата за добивање на помош уште лани, вели дека оваа Влада покажа дека се грижи за музичарите.
Талибанците ја продолжија офанзивата во Авганистан, заземајќи го вториот по големина град – Кандахар.
Ј. Ѓ.