ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Заев: „После Охрид“, ние сите заедно изградивме Едно и еднакво општество, каде секој може да најде просперитет и подобра иднина

August 13, 2021 12:01
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во своето обраќање, Премиерот Зоран Заев на Свечената академија по повод 20-годишнината од Охридскиот мировен договор, насловена „После Охрид“, говореше за важноста на овој документ и за континуитетот кој се постигнува со важните договори кои ги склучи македонската држава во изминатиот период, како и концептот „Едно општество за сите“.

Го пренесуваме неговото обраќање во целост.

Денеска, одбележуваме значајна годишнина од Договорот со кој беше обезбедена мирната иднина и натамошната демократска изградба на Северна Македонија со еднакво учество на сите нејзини етнички заедници.

Овој Договор, потпишан на 13 август 2001 година ги постави темелите врз основа на кои, ние како новоформирана Влада во 2017 година го градиме нашето заедничко, Едно и Еднакво општество, вклучувајќи ги и почитувајќи ги подеднакво сите етнички идентитети и интереси на сите граѓани кои живеат овде.

Во 2017-ма година, нашиот приоритет беше да му дадеме „Живот“ на овој Договор, заокружувајќи го нормативниот дел којшто произлегуваше од Охридскиот рамковен договор и од Амандманот 5 од Уставот на Република Северна Македонија.

Тогашната Влада, пред четири години, која политички и вредносно беше на нивото на актуелен состав на извршната власт, ја исполни обврската која непотребно се одолговлекуваше повеќе од една деценија и го донесе Законот за употребата на јазиците, заокружувајќи ги одредбите од Охридскиот рамковен договор.

Законот за употреба на јазиците е во рамките на Уставот и овозможува услови за спроведување едно заедничко општество за сите граѓани елиминирајќи ги условите за развивање национализми и обезбедувајќи напредок на државата, со почитување едни кон други, со уважување на правата и потребите на секој граѓанин и секоја заедница.

Охридскиот договор, кој беше потпишан во партнерство со Европската Унија, Соединетите Американски Држави, НАТО и ОБСЕ, стави крај на конфликтот, кој за жал понесе и жртви, но од оваа дистанца можеме слободно да кажеме дека е гаранција на мирот, кој подоцна го надградивме и унапредивме создавајќи заедница во која граѓаните имаат соживот и меѓусебно почитување и толеранција, заедница во која граѓаните имаат исти или слични визии за подобро утре.

Северна Македонија е прекрасен мозаик од етнички и други заедници и различности. Почитувајќи ги овие уникатности и истовремено јакнејќи ја институционално нашата држава со преземање инклузивни политики и позитивни мерки ги поставивме темелите на Северна Македонија како едно рамноправно општество.

Охридскиот рамковен договор ја испрати и пораката за меѓусебно разбирање, извинување и простување меѓу Македонците и Албанците и меѓу сите други наши граѓани. Тоа е пораката за соживот, за еднакви граѓани, во заедничката ни – Татковина.

Охридскиот рамковен договор донесе нов дух на водење политики – политики кои градат мостови, а не ги рушат. Политики коишто ги сплотуваат граѓаните, а не ги делат на патот на кој ја обезбедуваме иднината, во нашиот заеднички евроатлантски дом, заедно со другите народи.

Како држава, ги презедовме сите неопходни мерки за градење интегрирано општество кое е цврсто базирано на владеење на правото, заштита на човековите права, вклучително и малцинските права, почитување на различностите и се развиваме во заедница во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на Европската Унија, отворена и современа држава која развива интензивна регионална соработка, земја лидер на Западен Балкан.

Концептот за Едно Општество денеска е со силна база и во него силно веруваме.

Создадовме граѓанска држава со еднакви услови за сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.

Дваесет-годишнината од Охридскиот рамковен договор се совпаѓа и со 30 годишнината од независноста на нашата земја, со 80 годишнината од Народното востание и 20 годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација како наш прв чекор во остварувањето на нашата заедничка цел за членство во Европската Унија.

„После Охрид“, нашата земја гради зрели политики.

Наместо конфликти, разговараме за унапредување за економски напредок во нашата земја и унапредување на добрососедските односи.

Заедно со нашите соседи, создаваме „Отворен Балкан“, надминувајќи ги сите препреки и ослободувајќи ги сите идеи за слободно поврзување на сите наши граѓани.

Изминатиот период, кога се соочивме со недостиг на вакцини, а и токму деновиве, кога како и во поголемиот дел од Европа нашата земја ја зафатија пожари, солидарноста, заедништвото и пријателството беа покажани на дело на највисоко ниво.

Нашите идеи за заедништво, за помагање, слободно движење и слободно мислење ја имаат најдобрата реализација.

„После Охрид“, ние сите заедно, без разлика на нашата етничка, национална, верска, социјална, културна припадност, изградивме Едно и еднакво општество, каде секој може да најде просперитет и подобра иднина.

Драго ми е што еве доживувам како претседател на Влада, 20 години после тоа да дискутираме за сите овие придобивки. Една од најважните придобивки е дека низ дијалог си го организираме животот. Заедно, посветени на секоја индивидуа, на секое семејство, на секој граѓанин со комплетната тенденција да постигнеме еднаквост која што ќе ги зајакне солидарноста, меѓусебното почитување и помагање.

Целата Влада, а и целиот наш народ, сите етнички заедници треба да бидеме горди кога кажуваме дека претставуваме позитивен пример. Пример од којшто другите учат, испорачувачи на мир, урнек по којшто многу други земји и региони не само на Балканот и во Европа туку и во светот може да учат.

И си земам за право да оставам аманет – да си го чуваме тоа што заедно сме го постигнале овие 20 години и да бидеме благодарни на современиот свет од кој многу учиме и кој многу ни помага. Тоа е западниот свет кој бил тука и пред 20 години, и денес е тука како наша поддршка, пред се нашите стратешки партнери САД и ЕУ.

А ние имаме што да му подариме и на западниот свет. Тоа е нашиот начин – како најдовме решение на горливи прашања, како тоа го организиравме, како тоа го осовременуваме и усовршуваме почнувајќи од Охридскиот договор и поттикот од тој договор за постигнување на другите два договори, оној со Бугарија и секако Договорот од Преспа. Дијалогот, дипломатијата меѓусебното разбирање, солидарноста и тоа како можеме да ги споделиме и да им ги поклониме на многу поразвиени земји коишто за жал ги имаат предизвиците кои еве Северна Македонија ги имала многу поназад.

За крај, им честитам најмногу на граѓаните, на нашиот народ, кој со особена внимателност беше суштински дел од спроведувањето на овие процеси низ кои градиме извесна, стабилна и просперитетна иднина за сите кои живеат во нашата татковина.

Ви благодарам и ви честитам.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Макрон, Мерц, Стармер и Туск во Кијив: Поддршка за Украина и повик за прекин на огнот

May 10, 2025

Петиција во ЕП: Кошта да ја откаже посетата на Белград поради присуството на Вучиќ во Москва

May 10, 2025

Во Швајцарија денеска САД и Кина почнуваат трговски преговори

May 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: Фронтлајн

    ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk