ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Васев: ВМРО-ДПМНЕ e заглавена во поделбите на граѓаните по етнички линии (ВИДЕО)

August 13, 2021 12:58
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ се уште е заглавена во поделбите на граѓаните, по етнички линии, истакна Стефан Васев од СДСМ на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека Охридскиот Рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници и додаде дека и после 20 години, безидејни и деструктивни политичари како пироманот Христијан Мицкоски сè уште сеат и промовираат поделби.

„Учинокот на ВМРО-ДПМНЕ во црните страни на нашата понова историја е голем.

Воениот конфликт во 2001 се случи токму во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога осудениот криминалец и шеф на Мицкоски, бегалецот Никола Груевски беше министер за финансии.

Како документ кој донесе прекин на воените дејствија, Охридскиот рамковен договор е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ.

Политичкиот пироман и безидеен учесник во политичкиот живот во земјава, Христијан Мицкоски, се обидува постојано да влече назад.

Во неговото деструктивно делување нема ништо добро и корисно за државата, ниту за која било заедница или наш сограѓанин.

Се покажа дека “Македонија на сите луѓе” е лажен слоган.

Почитувани, тоа разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Концептот Едно општество за сите е концепт на СДСМ кој обединува, концепт на граѓанска држава.

Изминатите години го покажаа токму тоа, политиките на СДСМ обединуваат, обезбедуваат стабилност, мир, економски развој и напредок.

Политиките на СДСМ движат напред, носат повеќе пари кај граѓаните, кај фирмите, носат подобар живот за сите.“, рече Васев.

Next Post

Нема ниеден вакциниран меѓу починатите од КОВИД-19 минатата недела, невакцинирани се 87,1 отсто од новите случаи

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Временско ЕХО – 31 октомври

October 31, 2025
Фото: МВР Србија

Масовен студентски марш кон Нови Сад, една година без одговорност за падот на настрешницата

October 31, 2025

Утре гласаат болните, в недела втор круг локални избори во 32 општини и Градот Скопје

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk