Антиалбанство кое се негува уште од времето на Љубчо Георгиевски, кој призна дека тоа не е во ред, па до доаѓањето на власт на Никола Груевски кој збореше за некаква тиранска платрформа која го произведе 27 април и обид за убиство, тоа го нуди ВМРО-ДПМНЕ. И на сето тоа фабрика за произдводство на лажни вести кои произведуваат омраза помеѓу етничките заедници, изјави Петрит Сарачини координатор на проектот на владата „Едно општество за сите“ на вечерашната Анализа на ТВ24, а пренесе Локално.
-Велат, ќе дошле 30 илјади Албанци во Струмица, казнети ќе биле Македонци ако не зборат албански јазик, такви лаги се пласираат од нивна страна, вели Сарачини.
Тој додава дека во изминатите 2 и пол години од почетокот на оваа владина гарнитура, донесена и имплементирана е стратегија за едно општество со 7 области.
-Има конкретни цели, конкретни работи кои се направени, од негата на културата до јазикот, ги решаваме проблемите со учебниците, со дискриминацијата. Темата за меѓуетничките односи не е нешто што ги загрижува граѓаните. Тие гледаат дека се случува нешто, некаква промена на добро, вели Сарачини.





