ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Со заминувањето на Жак Ширак, Македонија загуби голем пријател

September 29, 2019 09:53
in ДЕНЕС
PARIS - MARCH 11:  French President Jacques Chirac attends a media conference for Palestinian Prime Minister Ahmed Qurei (not shown) in the courtyard of the Elysee Palace March 11, 2004 in Paris, France. Prime Minister Qurei is on an official visit to Paris.  (Photo by Pascal Le Segretain/Getty Images)

PARIS - MARCH 11: French President Jacques Chirac attends a media conference for Palestinian Prime Minister Ahmed Qurei (not shown) in the courtyard of the Elysee Palace March 11, 2004 in Paris, France. Prime Minister Qurei is on an official visit to Paris. (Photo by Pascal Le Segretain/Getty Images)

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот француски претседател Жак Ширак, кој помина во Елисејската палата 12 година ќе остане запаметен на просторот на поранешна Југославија и особено во Македонија, како политичар кој ја промени француската политика водена при распаѓањето и војните во поранешна Југославија.

Малкумина се сеќаваат дека Жак Ширак, избран и инагуриран само еден месец претходно како претседател на Француската Република, во мај 1995 година, на првиот европски самит на кој учествуваше како претседател во Кан (26-27 јуни 1995), веднаш застана во одбрана на македонската позиција наспроти таа на Грција, посебно критикувајќи ја политиката на грчкиот премиер Андреас Папандреу.

Шефот на грчката влада, Андреас Папандреу, го напушти Европскиот самит во Кан изнервиран од неговите партнери и по враќањето во Атина, тој главно го нападна Ширак кој го нарече македонскиот претседател, Киро Глигоров, „личен пријател“ .

Жак Ширак, исто така, побара од Грција да го укине економското ембарго против соседната земја и да започне политички дијалог со владата на Скопје за да го деблокира ова досие, кое ја труеше повеќе од четири години европската политика.

По атентатот врз претседателот Глигоров и неговотот лекување во француската воена болница Вал де Грас, како и потпишувањето на времената спогодба со Грција, во јуни 1996 година се реализира можеби и најважната посета на нашата земја од страна на еден француски политичар- таа на Филип Сеген – тогашен претседател на Националното собрание на Франција и градоначалник на збратимениот град со Битола – Епинал.

При посетата на Македонија, Филип Сеген кој во таа прилика го инаугурира францускиот конзулат во Битола, на претседателот Киро Глигоров му донесе и лично писмо од претседателот Жак Ширак во кое беше изразена поддршката на Париз за склучувањето на првиот договор за соработка со Европската заедница, за која посебен удел имаше лично Ширак и Филип Сеген.

Во повеќе прилики и при повеќето билатерални средби францускиот претседател не ја пропушташе можноста да и изрази поддршка на нашата земја.

Франција и претседателот Жак Ширак одиграа значајна улога и при конфликтот од 2001, кога како специјален претставник на Еу беа назначени французите најпрво Франсоа  Леотар, а потоа и Алан Лероа.

На заедничката прес – конференција во Елисејската палата на 1-ви март 2003 година со претседателот Борис Трајковски претседателот Жак Ширак во однос на македонското прашање одговори:

-Знаете, јас водев кампања долго време овие проблеми да бидат решени во согласност со легитимните интереси на Македонија. Почнав три недели по мојот избор пред шест години на Европскиот совет во Кан. Оттогаш работите се сменија, не се предомислив и се уште ги поддржувам легитимните барања на Македонија, рече Ширак пред Борис Трајковски.

Жак Ширак е и единствениот француски претседател кој ја има посетено нашата земја по нејзината независност, тоа беше за време на војната на Косово на крајот на 28 февруари 1999 година. Во таа прилика претседателот Ширак својот говор го заклучи со зборовите :

-Сакам да му кажам на претседателот Глигоров, колку сум задоволен со тоа што сум во Македонија.

За неговото доаѓање во Македонија, има и една анегдота која редовно се прераскажува од актуелниот европски комесар Пјер Московиси, тогашен министер за европски прашања. Имено уште раното во 9 часот кога влегле во претседателскиот авион за патувањето во Македонија, Ширак започнал со обилен доручек со сувомеснати производи и пиво. Пред изненадениот министер Ширак само лакански одговорил:

-Одиме во Македонија, ги погледнав менијата, сè е одвратно. Затоа се подготвувам однапред.

Анегдотата не кажува дали Ширак добро бил угостен на трпезата во Македонија и дали македонските јадења му се допаднале, но едно е сигурно тој како никој друг политичар во Франција можеше да го помине целиот ден на саемот за агрикултура во Париз, јадејќи и пиејќи на сите штандови.

И токму во тој период се случи и најголемото културно претставување на нашата земја во Париз и Франција од 11 февруари до 3 мај 1999 година. Изложбата „ Средновековните богатства на Република Македонија“.

Поддршката на Жак Ширак Македонија започна да ја губи со отворената поддршка која нашата земја и ја даде на втората американска интервенција во Ирак, потоа со изземањето на американските државјани од кривичните гонења на американските државјани пред меѓународните судови. А тука можат да се додадат и некои дипломатско-економски промашувања од наша страна, како изземањето на француската компанија Обертур за изработката на првите македонски биометриски пасоши или на француската Томсон од опремата на скопскиот аеродром.

Но да се навратиме на Ширак, чии позиции силно ги иритираат владините претставници на Атина, како и тие на Србија и босанските Срби за време на војната во Босна и потоа на Косово.

Илустрација на „булдожер“ политиката на Ширак е вечерата во петокот, 9 јуни во Елисејската палата на која беа поканети шефовите на владите и државите на Петнаесетината изненадени од дипломатскиот стил на новиот претседател на Франција односно не многу големата почит кон босанските Срби. Во таа прилика Ширак користел многу директен говор на кој Андреас Папандреу ја плати цената. Помеѓу „крушата и сирењето“ (француска поговорка), грчкиот премиер објаснувал дека е неопходно да се разберат Србите кои, расфрлани меѓу неколку држави, се борат за одбрана на својата религија. Тој немаше време да  заврши со својот говор, кога Ширак ненадејно го прекинал. „Не зборувај со мене за религиозна војна. Тие се луѓе без вера и закон, терористи.“ Францускиот претседател тогаш го изразил целото незадоволство што го стекнал од неговите телефонски разговори со Слободан Милошевиќ.

Едвај избран за претседател, истиот Ширак, комплексен, но не и без елан, уште од самиот почеток практикуваше дипломатија на нафрлањето, откако со негодување ја гледаше пасивноста на ООН во Босна. Додека српските сили ги понижуваа војниците на ООН и ги бркаа француските мировници распоредени на мостот Врбања на граничната линија со Сараево, тој нареди контранапад. Двајца војници беа убиени, но мостот беше освоен. После двоумењата на Франсоа Митеран, да се вклучи во конфликтите во поранешна Југославија, овој француски потег инициран од Ширак, ја сигнализираше желбата да се врати волонтаризмот од ерата на Гаулистите. Но, освен овој француски мини-електрошок, немаше „голем кам-бек на Франција“. Американците беа тие кои беа вклучени во решавањето на војната во  Босна, иако дејтонскиот договор симболично беше потпишан во Париз. НАТО користејќи ја воздушната надмоќ на САД за да го уништи српскиот отпор и да го наметне Дејтонскиот договор, со активна поддршка од Париз и Лондон.Тоа е само доказ за европска слабост и таа на Ширак. Слично како и за Косово во 1999 година, кога Франција се приклучи во бомбардирањата, но според француски извори Ширак успеа да го спречи уривањето на мостовите во Белград.

Со заминувањето на Жак Ширак во Франција се затвора една страница од нејзината историја, а нашата земја изгуби еден пријател и поддржувач.

Тони Гламчевски / МИА
од Франција

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Стевчо Јакимовски

Јакимовски: Владата веќе 11 месеци не дава одобрение за негувателки и воспитувачки во градинките под надлежност на Општина Карпош

June 3, 2025

24 Палестинци убиени од израелски оган додека чекале помош во Рафа

June 3, 2025

СДСМ: 3,5 години власт на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, неисполнети ветувања, поскапи давачки, скандали

June 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петта економија во Европа: Ни љубоморат, затоа не нè примаат во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk