Во текот на изминатото деноноќие од 7 часот вчера до 7 часот денес во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територија на државата ангажирани биле 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата. Реализирани се 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила.
Од МВР апелираат строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат догорчиња и да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.
– Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец, велат од МВР.