ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пожарите се под контрола, продолжуваат акциите за гасење во Сарај и Центар Жупа

August 15, 2021 09:06
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Надлежните институции и служби веќе две недели активно се справуваат со пожарите на повеќе локации во државата. Освен органите на државната управа во справување со пожарите се вклучени и странски експертски екипи за пожари.  Француските експерти во изминатите денови од блиску го следат пожарот кај село Раовиќ, во Општина Сарај, кој според Центарот за управување со кризи (ЦУК), е активен и после осумдневно активно постапување на домашните и странските хеликоптерските служби.  На помош на единиците на МВР и француските експерти вчера се приклучил и хеликоптер од Црна Гора, кој извршил 12 налета испуштајќи поголема количина на вода. За институциите главен проблем за целосно гасење на овој пожар претставува повеќеметарско одалечено повторно потпалување, односно тлење.

Друг поголем активен пожар во државата веќе втор ден има во околината на Општина Центар Жупа. Од овие причина денеска наутро во координација на Главниот штаб на ЦУК, ќе бидат активирани два хеликоптера, 40 припадници на Армијата, 30 припадници на специјалните полициски сили, 15 припадници на ЈП Национални шуми, како и две територијални против пожарни единици и еден тим на Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат во справувањето и ставањето под контрола.

Меѓу останатите, во тек на вчерашниот ден се ставени под контрола неколку други помали пожари, помеѓу селата Барово и Вешје, тој во близина на планинарскиот дом Китка, како и пожарите во Кратово и Гевгелија.

Во изминатите 24 часа, како што информираа вчера од МВР, во активностите за справување со пожарите се ангажирани близу 600 припадници на полицијата.

Од МВР апелираат строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат догорчиња и да не се оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

Паралелно  продолжија и активностите за помош во подрачјата каде што веќе се изгасени пожарите. Екипите на кумановскиот Црвен Крсткако и вчера поделија хуманитарна помош за жителите чии куќи и имоти беа зафатени во минатонеделните пожари во кумановско и општина Старо Нагоричане. На жителите од овие села, волонтерите им донираа прехранбени и хигиенски пакети, вода, ќебиња и душеци. Од Црвен крст Куманово најавуават дека ќе продолжат и во наредниот период да доставуваат хуманитарна помош за жителите од селата зафатени од пожарите.

Доброволното пожарникарско друштво „Толмин” од Словенија, пак, кое со своите пожарникари-доброволци помогнаа да се изгасат огромните шумски пожари во Малешевијата, вчера донираше лична пожарникарска опрема на своите колеги од Територијалната противпожарна бригада од Берово.
– Донирана е лична пожарникарска опрема, договор за соработка и обука и создадено силно пријателство со доброволното пожарникарско друштво „Толмин“ од Словенија. Договорена е и поголема донација на пожарникарска опрема која веќе нашите искрени пријатели ќе ја обезбедат со пристигнување во својот дом во Словенија. Планирана е и обука во Словенија на нашата противпожарна бригада која би се реализирала во текот на следната година, информираа од oпштината.
Next Post

Од среда посвежо со локален дожд, денеска сончево со температура до 38 степени

Shortcut

Најново

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk