ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сто и шест шумски пожари досега, изгореле десетина објекти

August 16, 2021 14:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: Огнен Бошњаковски ФРОНТЛАЈН

Фото: Огнен Бошњаковски ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Од попладнево активни се само уште два пожари од кои едниот кај село Раовиќ и Буковиќ од страна на Сува планина, а другиот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица.

– На потегот од село Буковиќ кон село Чајлане е се уште пожарот активен. Ангажирани се сили за гаснење, а во поплладневниве часови се планира да се активира и еден хеликоптер од Армијата. Активен е и пожарот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица во Прилеп. Гори кракот од село Ракле кон село Крсец и се проширува кон место викано Фаришки лозја, кавадаречко, а тој терен е недостапен и многу тешко е да се гасне пожарот, информираа на денешната прес-конференција од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов информира дека од моментот кога започнаа првите пожари до денеска имало вкупно 106 поголеми шумски пожари од кои најлошиот беше тој што ги зафати општините Берово, Пехчево и делумно Делчево којшто е успешно изгаснат.

Посочи дека изгорени се десетина објекти, пред се, стари куќи и придружни објекти, како што се штали, плевни и слично и изгорен е покрив на куќа во Кочани.

– Од страна на општините се формирани комисии кои детално ќе ја утврдат штетата и граѓаните ќе бидат праведно обештетени. Воедно и Владата е овде ако има некаде поголема штета да ја надомести. Но, во овој момент слободно можеме да констатираме дека штетите во населените места, во селата и градовите се навистина мали имајќи го во предвид обемот на пожарите кои ја зафатија државата, рече Ангелов.

Според него, свесноста на граѓаните е на многу повисоко ниво, односно тие значително повеќе внимаваат и не се појавуваат често како ненамерен фактор за појава на пожари.

– Со овие активности беше подигната и целосна забрана за движење во шуми, мерка која помогна за намалување на бројот на пожарите и која овие денови ја разгледуваме и доколку е стабилна состобата ќе побараме од страна на Национални шуми да биде тргната или намалена, односно движењето низ шуми да биде само со дозвола, информира Ангелов.

Се заблагодари на МВР, на сите пожарникари, за кои рече дека покажале огромна пожртвуваност, кои помагале и во своите, но и во соседните општини. Благодарност упати и до ДЗС, вработените во ЦУК кои помогнале во координацијата, на Национални шуми и на сите останати институции, но и на странските екипи (српските хеликоптери, романскиот авион, црногорскиот хеликоптер, но и австриските, француските, словенечките  и бугарските пожарникари кои заминаа). Се заблагодари и на францсуките инструктори, експерти за шумски пожари кои рано утрово заминале за Франција.

Во моментов, како што посочи, активна поддршка на Главниот штаб за управување со кризи даваат инструктори од САД.

– Овие пожари ни ги покажаа слабостите за кои бевме свесни, но овој пат постои црвста намера при ЦУК и ДЗС, да дадеме се од себе да направиме брзи, длабоки реофрми со кои ќе ги отрстраниме сите согледани недостатоци. Активно подготвуваме план за реформи. Ќе формираме широко тело кое ќе се зафати со овие коренити реформи и верувам во следните месеци ќе успееме да ги поставиме основите на новиот систем за управување со кризи, единствен систем кој ќе ги опфати сите чинители кои се расфрлани во неколку институции, рече Ангелов.

Лажна вест е, додаде, дека од австриските пожарникари е украдена пила.

– Тогаш напишав саркастичен твит кој гласеше „Да бидам искрен и јас поверував на лажната вест за украдената моторна пила од австриските пожаникари, а и како да не поверувам кога токму тој ден околу австријците се моташе делегација на ВМРО-ДПМНЕ“. Ова е обичен твит кој за твитер е нормален, каде преку исмевање укажувам на абсурдот дека е украдена моторна пила. Најмалку јас помислив дека член на делегација на ВМРО-ДПМНЕ украл моторна пила. Се работеше за шега, доколку некој се пронашол во овој твит јас се извинувам немав лоша намера, заклучи Ангелов./МИА/.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за градоначалници

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk