На жените во Авганистан за време на режимот на Талибанците, не им беше дозволено да работат. Така, Надја Гулам за да се заштити од Талибанците и да го прехрани семејството, поминала 10 години маскирана како маж, земајќи го идентитетот од нејзиниот покоен брат.
Кога имала осум години паднала бомба на нејзината куќа, убивајќи го нејзиниот брат и тешко повредувајќи ја неа.
„И во тој момент сфатив што значи да се живее во војна и дека војната може да ви го уништо животот“, вели Надја Гулам во видеото од Брут медиа.
Кога имала 11 години, Надја решила дека ќе се маскира како маж, земајќи го идентитетот од нејзиниот покоен брат. Таа морала да го направи тоа зашто Талибанците не дозволувале жени да работат, па за да може да го снабди своето семејство со храна, Надја останала маскирана како маж цели 10 години.
Надја сега живее во Барселона и работи во Невладина организација.
Ј. Ѓ.