ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Што, освен пцуење, се случува зад тешките партиски завеси во палатата на Мицкоски?

August 17, 2021 14:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Разочарани членови на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со откривање детали од тоа што се случува во партијата. Се дознава дека во партијата се погласни се приговорите на однесувањето на Мицкоски и курсот на дејствување кое го наметнуваат тој и неговите најблиски соработници.

Деновиве, освен недоличното однесување и пцуењето на Мицкоски на социјалните мрежи се води и жива расправа околу прашањето зошто партијата постојано е на маргините и не учествува во ниту еден важен процес или настан во државата. Нашиот извор, инаку партиски ветеран, не информира дека многумина се непријатно изненадени од изолацијата на партијата што ја диктира раководството.

„Така“ – вели нашиот извор – „се пропушти уште една шанса да бидеме дел од вниманието на домашната и светската јавност со отсуството од Конференцијата „По Охрид“ што се одржа на 13 август, по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

„Додека најважните луѓе од ЕУ и САД беа на Преспа форумот, тој со другарчињата отиде во Брисел“ – вели разочараниот партиски ветеран во телефонскиот разговор – „Имаше шанса да ја прикаже нашата партија дека сме државотворна партија и да ја прифати поканата од Пендаровски за Илинден. Наместо на Мечкин Камен да честита Илинден, тој реши да ни честита Велигден од Ташмаруништа“.

Според изворот со кој разговараше Фронтлајн, како во врвот на партијата, така и по целата партиска вертикала, веќе подолго време има големи несогласувања за важни прашања, но изгледа дека е тешко да се комуницира со Мицкоски.

„Шефот (мисли на Мицкоски) често ги губи нервите, па знае да се развика до зарипнување“ – нагласи нашиот извор повеќе пати, што за нас, сепак, не беше новост, бидејќи сме го слушнале тоа и од ветерани кои повеќе не се во партијата.

„Едно гледате на видеата на Фејсбук, демек помага наоколу, а друго се случува кога камерите ќе се изгаснат. Човекот е изгубен. По десет пати ги менува плановите, никој не смее ништо да му каже. Само со оние професорките се лигави, нив ги слуша. Ама со нив ќе пропадне партијата“ – раскажува револтирано нашиот извор.

„Треба да знаете дека во ВМРО-ДПМНЕ сè уште има пристојни луѓе и вистински патриоти“ – нè уверува партискиот ветеран во телефонскиот разговор кој, се разбира, НЕ Е СНИМЕН.

Дел од партиското раководство и дел од членството бара смена на Мицкоски уште од тешкиот изборен пораз на претседателските избори во 2019 година, но Мицкоски постојано успева да се извлече, манипулирајќи со партискиот статут.

Изгледа дека зад тешките партиски завеси на палатата на Мицкоски, освен пцуење, има само уште многу пцуење, ништо друго.

Д. Е.

Next Post

МВР демантира дека во Прифатниот центар во Гази Баба ќе се сместуваат бегалците од Авганистан

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk