ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК останува на препораката за старт на преговорите со земјава, но порачува: „не треба да се живее на стара слава“

Дејвид Кулен во обраќањето на заседанието порача дека Еврокомисијата има мандат да помогне и да советува, нагласувајќи дека помошта и советите треба да бидат содржајни и критички

December 19, 2019 11:36
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

 

Европската комисија останува на својата препорака за старт на преговорите за членство Македонија, бидејќи таа ги исполнува условите за тоа, но ваквиот став „не е статичка категорија и не може да се живее на стара слава“, порачаа претставниците на Еврокомисијата на денешното продолжение на вчера започнатото дводневно заседание на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, што се одржува во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур.

Како што јави дописникот на МИА, шефот на Одделот за Македонија во Директоратот за европска соседска политика и преговори за проширување, Дејвид Кулен во обраќањето на заседанието порача дека Еврокомисијата има мандат да помогне и да советува, нагласувајќи дека помошта и советите треба да бидат содржајни и критички.

Тој порача дека во овој контекст пред избори, кога ќе има нов Парламент и нова извршна власт, Комисијата смета дека „не треба да се измислува топла вода“.

– Сите кажавте дека имате висока усогласеност со стандардите на ЕУ и Комисијата го кажува тоа. Зборувавте за судска стратегија, таа е добра, но треба да ја спроведете и дозволете му на судството да функционира. Се разбира лесно е тоа да се каже, истакна Кулен.

Собранието во Скопје, според Европската комисијата, се уште може да стори многу од денеска, па до неговото распуштање, со оглед дека има уште многу работи на дневен ред. Комисијата како главен приоритет на Собранието го смета усвојувањето на предлог законот за интеграцијата на СЈО во ОЈО.

Кулен најави дека Комисијата ќе ги зајакне проектите насочени кон младите и ќе понуди помош за да се спречи одливот на мозоци, не само од земјава, туку и од целиот регион на Западен Балкан.

Главни теми на денешниот втор ден од состанокот се владеењето на правото, судските реформи, борбата против организираниот криминал и корупцијата и изборниот систем и предложените реформи во тој домен.

Македонската собраниска делегација што учествува на заседанието ја сочинуваат нејзината претседателка Соња Мираковска и пратениците Бетиане Китев,  Жаклина Лазаревска, Никола Попоски, Шпреса Хадри, Ивана Туфегџиќ,  Иван Стоиљковиќ и  Мерал Узеири Ферати.

На крајот на состанокот се очекува да бидат усвоени Завршни препораки кои се упатуваат до институциите на Република Македонија и на Европската унија. Меѓу предложените препораки е и повикот до сите земји членки на ЕУ „да се заложат да донесат позитивна одлука што е можно поскоро“ за започнување на пристапните преговори со земјава и Албанија, најдоцна до состанокот на Советот во март 2020 година.

Next Post

Културните работници на штрајк во вторник

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk