Со почитување и спроведување на Ковид-19 мерките и протоколите, во поразличен амбиент, опуштено, но сепак со многу емоции и моменти за паметење, помина првата вечер од музичките настани на „Струмица опен фестивал 2021“, известуваат организаторите.
Музичките доживувања започнаа со Каролина и Слаткар.
Македонскиот хип-хоп изведувач Слаткаристика пред бројната публика ги отсвири добро познатите хит рефрени во акустичен амбиент, а незаменливата поп дива Каролина Гочева ги разнежни срцата на бројната публика со нејзниниот кадифен глас и сентиментални ноти.
Во една поинаква и опуштена атмосфера, уживавме во музичките изведби и испишавме уште една поразлична приказна под отворено небо се наведува во објавата на официјалната фејсбук страница од „Струмица опен фестивал“.