Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во Северна Македонија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година. Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра.
Сојузот на средношколци денеска на онлајн состанок со министерката Мила Царовска, ја поздрави одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство под протоколи за заштита на здравјето. Од Сојузот сметаат дека наставата со физичко присуство на учениците е најдобар интерес за процесот на образование, за социјализацијата и заштитата на менталното здравје, соопштуваат од МОН.
Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против Ковид-19, произведени од Фајзер-Бионтек на Северна Македонија, јави бугарската новиснка агенција БТА.
Во тек е реконструкција на кумановскиот театар, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“. Реконструкцијата ја опфаќа целата внатрешност на објектот и надворешната фасада. Градежните активности предвидуваат санација и преадаптација на темелите, гледалиштето, сцената, канцелариите, помошните простории и кабините за тон и светло.


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не се размислува да се одложи стартот на пописот.
Третата доза вакцина против Ковид-19 може да биде од друг производител. Препораката на Комитетот за имунизација согласно ставовите на Американскиот центар за контрола на болести е да се вакцинираат со трета доза тие кои се имунокомпромитирани за дополнителна заштита.