Вицепремиерот Љупчо Николовски и Министерот за правда Бојан Маричиќ одржаа средба со членови на граѓанската иницијатива „Стоп за криминал во судството“ кои водат спор преку институциите заради претрпена штета, од како што велат, корумпиран судија од Апелацискиот суд во Штип. „Мораме да ставиме крај на корупцијата во секоја пора на општеството“ – изјави Николовски.,,Големиот број на разрешени судии е доказ дека работите ги придвижуваме кон она што целиме: правна држава во која владее правото. Ваквите процеси на прочистување на правосудниот систем не се воопшто едноставни и лесни, но јасно е дека промени се случуваат” – изјави Маричиќ.
Циркулацијата на делта варијантата на коронавирус во области со ниска вакцинација го поттикнува ширењето на Ковид-19 низ целиот свет, соопштија денеска претставници на Светската здравствена организација.
Сегашните податоци не покажуваат дека има потреба од трета доза на вакцина против коронавирусот, изјави денеска водечкиот научник на Светската здравствена организација, Сомја Саминатан.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска најави дека за петок закажал вонреден состанок на шефовите на дипломатиите на земјите – членки на Алијансата во врска со развојот на ситуацијата во Авганистан.
Владина делегација положи цвеќе на гробовите на генерал Апостолски и на претседателите Глигоров и Трајковски. Делегацијата ја сочинуваа министрите за внатрешни работи, за надворешни работи, за труд и социјална политика, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Јагода Шахпаска кои, по повод 18 август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на армијата Киро Глигоров и Борис Трајковски.