На вчерашниот протест на антиваксерите во Скопје на кој присуствуваа стотина демонстранти, се случи тотално фијаско, тепачки за микрофонот и меѓусебни навреди од говорниците.
Откако не можеа да се договорат кој побргу да се обрати од говорницата, како што може да се виде и од снимката на А1 он, една од демонстрантките се качи на бината и се обиде да му се доближи на првиот говорник на протестот, кој себе се претстави како поранешен воен разузнавач, по што тој агресивно ја истурка од бината, а останатите присутни и дофрлаа погрдни зборови.
Друга демонстрантка се обиде да му го земе стативот за микрофонот, но не успеа во својата намера.
Демонстрантот кој не го даваше микрофонот кажа дека не е задоволен од одзивот на денешниот протест и најави поголем протест во недела, на кој ќе присуствувале 20 илјади граѓани.
Имаше демонстрант што говореше против избеганиот Груевски, па го исвиркаа, па потоа се извинуваше.
Вториот антиваксерски протест според она што може да се забележи, доживеа тотално фијаско.
Ј. Ѓ.