Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, изнесува 107.0, односно просечната нето плата е за 7 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.


Министерството за здравство соопшти дека 85 отсто од новите КОВИД случаи и 91 процент од хоспитализираните се невакцинирани. Според двонеделната анализа, од 06.08 до 19.08.2021 на територијата на државата 9881 граѓанин се позитивни од тестираните на КОВИД. Од нив 1507 биле целосно вакцинирани (со две дози) или само 15 проценти.
Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари. Опремата се состои од два шумски трактори (четвороцикли), рачни пумпи за гасење пожар, моторни пумпи за вода, повеќенаменски алатки за гасење пожар, дрон со термална камера и моторни пили.
ДЕЗИНФОРМАЦИЈА!


Преку објава на Фејсбук се шират невистини дека од септември се планира тајна вакцинација на децата против ковид-19 во училиштата, како и дека вакцините содржат отров. Двете информации не се точни.
Денеска во Владата на Северна Македонија во организација на премиерот Зоран Заев се одржа координативен состанок со сите вклучени чинители во големата хуманитарна меѓународна мисија за спасување на цивилно мирољубиво население од Авганистан.