пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Не престануваат обвинувањата помеѓу партиите, истакнатите поединци и медиуми кои целат кон десното гласачко тело во Македонија. Апасиев или Мицкоски е главната дилема кај „конзерва“ гласачкото тело.
Мицкоски го пуштил Латас, овој да се мава со Димче од Левица и тоа онака по нивно – ниско и безобразно со спомнување и мешање на интимни и семејни врски, пред очи на цела јавност.
Латас, кој патем се крстеше на почеток во лажниот левичар со хвалоспеви и ловорики, го зачепка Димче: „Талибанот Апасиев е избраниот да глуми опозиција за потреби на власта“, е насловот на колумната од Латас. Го имаа тоа насекаде расеано медиумските ќорсокаци – летаат на сите страни, ками, пиштоли и слична конзерва реквизити својствени за конзерва партиите и медиумските дувла на Мицко и Димче. Па, како што и тој претпоставувал најверојатно затоа и го ченал, овој почна малограѓански да „заудара“ како што му е и стилот: „А бе, ЛАТАС и швалерка му уште не се у затвор?“.
И таман си мислиш неможат подолу овие мрачни безобразни јавни ликови, Латас вели: „А швалерки… пошто ти не можеш да имаш, припази малку на женати, она е со бољи изгледи за швалерај од тебе“.
За крај на оваа љубовна романса помеѓу политичката десница, помогната и медиумски зачинета, пратеникот на Левица, Крмов, му се доверил на Апасиев со следните зборови:
„Настраниот однос помеѓу ДПМНЕ (+ нивните куртон-медиуми) и ЛЕВИЦА најарно го опиша пратеникот Крмов. Ми вика, брат, се осеќам ко у некоја мазохистичка веза со овие…“, објави на Фејсбук Апасиев.
А сето почно како во љубовно романче – со објавата од Мицкоски дека жали што Левица не ја примила подадената рака за обединување.
Така драги мои почнуваат и завршуваат љубовните приказни на вмровците од дпмне и левица. Најдобро ќе биде на крајот да си се земат, како што вели и Мицкоски, да си се обединат и да не збунуваат јадно вмровско гласачко тело.
Што се мачат?!
Сепак се работи за иста политичка фамилија – мрачна, мразачка, негирачка, а се работи и за истото гласачко тело – тврдокорното вмровско и латентните вмровчиња од Левица на кои им е срам да се идентификуваат со првите, па се кријат под утарето на Димчева Левица.
Текстот е личен став на авторот.