Актерката Силвија Стојановска и уште едно машко лице В.Б. беа изнесени во 14.40 часот пред судија на претходна постапка во Основниот кривичниот суд и за нив се бараше мерка притвор од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Судијата на претходна постапка Ненад Савески им одреди куќен притвор на осомничените, пренесува Сакам да кажам.
Неофицијално, двајцата се приведени во координирана истрага со три земји под сомневање за меѓународна трговија со дрога и незаконски меѓународни трансакции. Овој случај го води Обвинителство за организиран криминал и корупција, бидејќи неофицијално се работи за организирана група која ги вршела криминалните дејствија. Наши извори велат дека во оваа фаза од постапката, сè уште не се знае точната улога на актерката во истрагата.
Порталот пак, „ЈанакиЗнае“, пишува дека неофицијално познатата македонска актерка, Силвија Стојановска, е уапсена во врска со заплена на 700 килограми кокаин во Шпанија, која шпанската полиција ја заплени во септември годинава.