ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска уверува дека се безбедни условите учениците да се вратат во училиште, дел од родителите бараат онлајн настава

August 27, 2021 08:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

На помалку од една седмица до почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Мила Царовска уверува дека според искуствата од минатата учебна година, безбедни се условите за учениците да ја започнат учебната година во училишните клупи. Дел од родителите, сепак, се уште не се согласуваат со одлуката донесена од Владата и Министерството за образование и наука, наставата да се спроведе со физичко присуство.

– Сите ја следат епидемиолошката состојба на локално ниво и сите сме тука, заедно да гледаме која е опцијата да почнеме сите истовремено под еднакви услови. Секако, секој има право да го каже своето мислење, јас го почитувам тоа. Ние се водиме од меѓународните и од нашите, домашни искуства од минатата година и од препораките на Комисијата за заразни болести. Она кое е утврдено на владина седница уште во јуни е дека Министерството треба да се подготвува за три сценарија: едното е целосно физичко присуство, другото е хибриден модел и последното-сите со онлајн настава. Неодамна, пред три владини седници, сите заедно, по препорака на Главниот координативен штаб, донесовме одлука учебната година да почне на 1 септември и да стартува со физичко присуство за сите ученици во сите училишта. Тоа го подготвуваме и за тоа се подготовките, изјави министерката.

Согласно одлуката на Владата, наставата треба да започне со физичко присуство за сите ученици. Исклучок се учениците кои имаат хронична болест и оние кои имаат член од семејството со хронично заболување. Од физичко присуство во училиште може да биде ослободен и ученик кој поднел барање од немедицински причини, но за тоа ќе одлучува училиштето и советот на родители.

-Од физичко присуство согласно протоколите и одлуката на Владата можат да бидат изземени сите ученици кои имаат хронична болест и оние кои имаат родители или членови на семејството со хронична болест. Исто така, може и од немедицински цели за коишто училиштето и советот на родители можат да донесат одлука за учениците кои имаат поднесено барање, појасни Царовска.

Во меѓувреме, градоначалничка на Тетово, Теута Арифи на вчерашната прес-конференција побара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Причината е поради високите бројки на заболени од Ковид во Тетово, а барањето е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, чија одлука се очекува да биде донесена денеска.

– Ние како штаб за Тетово ќе ги контролираме дали имаат барем една доза вакцина вработените. Тие што не се вакцинирани во училишта ќе бидат обврзани секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат. Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети ќе го спроведеме, поради здравјето на сите. Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето. Како што се прави тестирање за шетање, така и за школо ќе се прави, изјави Арифи.

Ана Глигорова од Движењето за поддршка за онлајн наставата на вчерашната прес-конференција пред Владата истакна дека во една училница од 36 метри квадратни, 30 или 32 деца кога ќе влезат, нема да имаат простор меѓу себе.

– За едно дете е потребно 13 метри квадратни за да биде колку толку заштитено. Две деца и еден професор или наставник во училница, тоа е максимумот, изјави Глигорова пред Владата, додавајќи оти ќе бараат да се промени одлуката на Владата во Службен весник.

Министерката Царовска пак објасни дека според протоколите, прозорците во училниците треба постојано да бидат отворени, како што се практикуваше и минатата учебна година кога како што посочи таа, според податоците на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство немаше трансмисија на вирусот во училиштата. Таа додаде дека училиштата во најголем дел се реконструирани и располагаат со потребните ресурси.

Според последните податоци на Министерството за здравство, 69 проценти од наставниот и другиот помошен кадар во училиштата е вакциниран што според министерката Царовска е добро за почеток на учебната година со физичко присуство.

– Во образовниот систем, вакцинирани се 69 проценти од наставен, ненаставен кадар, технички помошен кадар, што е двапати повеќе од националниот просек. Исто така, имаме општини и училишта каде процентот на вакцинација на наставниците и другиот технички кадар е над 90 отсто. Што укажува дека одговорноста и свесноста кај наставниците е на многу високо ниво и така и треба да продолжи, објаснува Царовска.

Доколку Комисијата за заразни болести во даден момент процени дека треба да се примени друго сценарио, Царовска посочи дека тогаш ќе се донесе нова одлука во интерес на учениците.

Владата, на 17-ти овој месец, по мислење дадено од Главниот координативен кризен штаб, одлучи учебната година од септември да почне со физичко присуство во основните и средните училишта, а наставата да се одвива под здравствени протоколи./МИА/.

Next Post
EDITORS NOTE: Graphic content / Medical staff bring an injured man to a hospital in an ambulance after two powerful explosions, which killed at least six people, outside the airport in Kabul on August 26, 2021. (Photo by Wakil KOHSAR / AFP)

Десетици загинати во експлозиите кај аеродромот во Кабул, Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk