Сериозен инцидент е избегнат пред два дена во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Валандово. Жолчните кавги на партискиот состанок биле резултат на големото незадоволство поради изборот на Тони Узунов за кандидат за градоначалник. Тензијата дополнително кулминирала со обидот Јулијана Тушевска да биде избрана за носителка на советничка листа.
За првпат материјалите за учење по македонски јазик за четврто одделение ќе бидат дигитализирани. Тоа значи дека многу различни содржини од програмското подрачје Јазик – граматичкиот дел, ќе бидат изучувани и совладани преку дигитални квизови, објаснува авторката на учебникот проф. д-р Јасмина Делчева – Диздаревиќ.
Министерката Шекеринска и словенечкиот колега Матеј Тонин синоќа го посетија Берово, каде имаа средба со градоначалникот Звонко Пекевски и со локалното население. Шекеринска рече дека по трагедијата што се случи во Берово и големата поддршка од Словенија, стана јасно дека на противпожарниот систем му е потребна реформа и дека поддршката од пријателските земји треба да се користи во таа насока.
Дури и по повеќе од четвртина век на релативен мир, Балканот допрва треба да постигне трајна стабилност на која се надеваше кога се стави крај на војните во регионот. Сега, со застојот на ЕУ интеграциите, не може, а да не се исклучи враќањето на насилните конфликти… Опасниот балкански застој пишува КАРЛ БИЛД.
Денес од Ринас пристигнаа 275 бегалци од несреќниот Авганистан, меѓу кои жени активистки на граѓанското општество, едукатори, вработени во институции, новинари, заедно со нивните семејства, ви посакувам мирен викенд, напиша премиерот на Албанија Рама на својот Фејсбук профил.
М. М.