Мене ми е жал што ВМРО-ДПМНЕ толку многу ги потценува скопјани, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шиелгов коментирјаќи ја кандидатурата на Данела Арсовска.
-Мене ми е многу жал, но од ВМРО – ДПМНЕ очигледно се свесни дека со дивеењето кое го имаа во овoj град, со некомпетентното раководење, не можат со свој кандидат да излезат пред скопјани. Јас не знам зошто кандидатот се срами да каже дека е од ВМРО-ДПМНЕ, рече Шилегов.
Според Шилегов, претставувањето како независен кандидат а вцушност поддржан од партија им прави контрауслуга на невладините организации, а тоа е девастирачки за демократијата.
И. З.