ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Георгиески: Охридските плажи ќе се уредуваат со автохтони материјали – дрво, камен, стакло, а се забранува употреба на метал, бетон и лим

August 30, 2021 15:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Охрид објави Јавен Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро со што презема важна улога во уредувањето, но и во управувањето со крајбрежјето, согласно еко стандардите, Планот за управување со светско природно и културно наследство и според препораките на УНЕСКО, објави денеска градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Основната цел е плажите да бидат јавни и слободни за користење, во функција на туризмот и да бидат уредени по желба на граѓаните, вели Георгиески.

„Ги повикувам сите архитекти и стручни лица од оваа област, да покажат интерес и да се вклучат во оваа мисија за креирање на нова слика на крајбрежјето, создавање на една нова понуда која ќе ги подобри условите за развој на туризмот и ќе овозможи зачувување на природните богатства.

Право на учество на повикот имаат сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот е вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на  утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи. Доставените решенија ќе бидат доставени на увид пред јавноста и соодветната стручна комисија со цел избор на најсоодветно решение. “, истакна Георгиески, пренесува ohridnews.

Основна цел, додаде Градоначалникот, е плажите да бидат јавни и слободни за користење, во функција на туризмот и да бидат уредени по желба на граѓаните. Уредувањето на крајбрежјето оваа сезона беше во надлежност на локалната, и според  Георгиески, ваквиот привремен концепт за слободно користење на плажите се покажал како ефективен и успешен.

Пред почетокот на туристичката сезона, сите крајбрежни локации каде што спроведувавме активности за отстранување на бесправните објекти беа соодветно уредени од страна на Општина Охрид. Плажите беа секојдневно одржувани во две смени од комуналните служби, со цел да се обезбедат услови за пријатен одмор на гостите. Општина Охрид направи детална анализа и подолг временски период сериозно работеше на развивање на нов план за да преземе важна улога во уредувањето, но и во управување со плажите на крајбрежјето на Охридското Езеро, согласно еко стандардите и според препораките на УНЕСКО, додаде Градоначалникот.

Плажите согласно планот, се дефинирани во прва В зона, од првата заштитна зона, која го опфаќа Охридското Езеро и неговиот крајбрежен појас во хоризонтална проекција со ширина од 50 метри сметано од граница на КП 1/1 КО Охридско Езеро.

Во уредувањето треба да се применат автохтони материјали како што се дрво, камен, стакло, а се забранува употреба на: метал, лим, бетон, бехатон, армирано-бетонски и челични конструкции и ѕидови од камен, појасни градоначалникот Георгиески.

Конкурсот е анонимен и секој учесник има право да учествува со еден труд, а крајниот рок за поднесување на идејните решенија е 29.09.2021 година, до 13:00 часот.

 

Next Post
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Максим по дивизија, Села по тапани

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk