ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Максим по дивизија, Села по тапани

August 30, 2021 16:08
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

Борче Боки Трајковски (фото: Огнен Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН)

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Помеѓу две лоши го бираш помалото, помеѓу две добри, поголемото. Кога Мицкоски и Села ги виделе коефициентите за нивните изборни шанси во обложувалниците, решиле дека подобро ќе биде да ги здружат силите, да стискаат палци и да веруваат дека од две лоши го одбрале помалото. Кога ќе ѕирнат во талончињата со нивниот избор, ќе разберат дека не го избрале помалку лошото, туку од „трите подолгото“. Ваквите неприродни, диви, нелогични предизборни коалиции, секогаш завршувале на тој начин – со пораз, со голем пораз. Всушност ДПМНЕ, може да го прелиете со најслаткиот фил, да го обоите со привлечни мазни нијанси, можете да го накитите со вишни и јаготки, на крај, кога ќе ја пресечете тортата ќе видите дека наместо врз пандишпан, филот сте го ределе  врз гомно. Чудно е како Села не го разбрал овој момент и влезе со тапани во оваа луда комбинација, која, на двете партии ќе им донесе само зијан, а тој, нема да излезе без ништо. Ќе му останат рачките од тапанот.

Ако СДСМ ја подржи независната кандидатура на нивниот еминентен член од Куманово, ќе гракнат „заразените“ антизаевисти со: „Ахаааа, прпаа, видовте дека Максим ќе ве прегази, па сеа трк на бацирака кај Максим. Не ве бива бе, неранимајковци, срам да ви е, сеа ќе изгубите од глумецот у Куманово“, и слично. Ако СДСМ му посака среќа на сопартиецот и настапи со свој кандидат, интелигентните антизаевисти ќе почнат да се лигават со, „Уф колку ќе ми биде мило Максим да ги прегази на избориве во Куманово, абе душава ќе ми се наполни се мевлем на сите рани, напред Максим, удри по бихачка дивизија, растури ги“, и слично.

Ако евентуално кандидатот на СДСМ и Максим влезат во втор круг, можете ли да претпоставите што ќе се случува? ДПМНЕ и глумецот ќе ги повикаат нивните да гласаат за Максим, затоа што СДСМ им е политички врвен непријател. Во ваков претпоставен случај, СДСМ треба да биде тој кој ќе му ги даде гласовите на Максим ако овој ги прифати, и обратно. Но, Максим најверојатно ќе удри по својата дивизија и гласовите нема да ги додели никому, односно ќе го остави тоа на неговите гласачи симпатизери за да пак испадне ни поразен ни победник. Во каков било друг случај, кога кумановци ќе погледнат во тикетите, ќе видат дека го извлекле оноа. Таква е судбината на самопоразените политички калкуланти. Неисе…

Нема партија во плуралистичка Македонија која во својот статут не ја подржува внатрешната фракција. И не само декларативно, туку во статутите на партиите тие имаат недвосмислена подршка и се добродојдени како значајно демократско ткиво кое ќе ја надградува демократијата внатре, а следствено на тоа истата ќе важи и тогаш кога партијата ќе ја освои власта. Нема партиски статут во кој фракцијата не е вреднувана на овој начин. Од друга страна, во ниту една партија, непринципиелните фракции не се добродојдени за лидерите на партиите и раководствата. Тие, всушност, се најголемата закана за нивната позиција. Таквите фракционери можат брзо да станат сериозна закана за позиционираните, и затоа овие ќе направат сè за да има меки, лесни, плишани ама внатрепартиски фракции, и никако нема да дозволат отворени и јавни конфронтации.

Злоупотребите доаѓаат како реакција на злоупотребите на позицијата на фракционерите и отвараат внатрешен фронт кој брзо се шири во јавноста. Ако не се согласуваш со потезите на партијата, во ред, но, ако си фракција која не се согласува со ниту еден потег на партијата, со ниту еден назначен партиски функционер, а не нудиш алтернативно решение, освен себе, ондак ти не си фракција, ти си опозиција. Рефлексните реакции да не се дозволува неаргументирана и нелогична фракција, спротивставување на началството на партијата од непринципиелни причини, секогаш и во секоја политичка средина, завршуваат со отстранување на ваквите ткива, ампутирајќи ги носителите од секаква шанса за позиција. Партијата ти дава, партијата ти зима, стапува на сила. Така размислува секое раководство во секоја партија по појавата на непринципиелни фракции.

Новиот сој на „македонската радост“, пак, доаѓа од една урбана фракција, која, со своето однесување “ликува“ на социјалниве мрежи, потценувајќи ги своите довчераши сопартијци паѓајќи во транс дека тие не се тие, само заради тоа што овие не биле скроени по нивни терк. Тие прават сè што можат за нивните да загубат, да бидат поразени, да ги нема, да бидат омаловажени и потценети, понижени, за тие да ја запоседнат партијата, не нудејќи никаква алтернатива за демократски натпревар на идеи различни од оние кои се пласираат од врвот во партијата. Не, тие стануваат жестоки критичари на своите во власта не нудејќи опција преку која би се истакнале на мкд политичката арена и на тој начин ја презентираат својата борба против своите. Знаат како треба, знаат како не треба, ама немаат „три чисти“ да се појават во политичка или независна опција во арената за да ги вкрстат буздованите и мечовите на аргументите, како што тоа го одбра Максим. Тие уживаат на трибините и се дерат, рикаат ко магариња на виенски новогодишен концерт. Се „расчепуваат“ на мреживе да сторат сè во нивна моќ и влијание, за да го турнат Заев, за сега, очекувано, да прогнозираат негов „тежок“ пораз. Тие не се откажуваат од партијата, таа е сè уште нивна, дури во одредени статуси партијата е само нивна и ничија друга, дека во овој период таа е окупирана од раководство кое не заслужило да биде таму и навиваат за пораз, затоа што само тој колач ќе биде единствениот десерт на нивните трпези на задоволство од најрасипаното чувство на среќа.

Тој модифициран и опасно мутиран вирус кој извира од мкд злобата, особено се изразува со брз отскок на стрелката на скалата која вели: „да умре комшијата за да му ја молзам кравата“, на злобниците им обезбедува моменти кога во несреќата на другите ја наоѓаат единствената среќа за себе. Наоѓаат задоволство, а неуспехот на своите ги разлигавува со полжавска леплива слуз која им лази низ ивиците на усните истегнувајќи се до асфалтот како јо-јо за да со силен лагоден шмрк го повлечат назад, го голтнат како сок од бозел, и во серија неограничени оргазми се хранат, гаснат жед. Сериозен дефект. Кога ништо друго за сопствената радост не ти треба освен поразот на своите, тогаш си го достигнал максимумот на мутацијата на овој проклет мкд вирус. Немаш намера да го победиш, туку навиваш тој/тие да бидат поразени, да изгубат, и не ти е битно од кого, ако треба нека победи најголемото политичко зло ДПМНЕ, само „нашите“ да изгубат. Да се најежиш!

Ваквите појави се вметнаа како природни чувства кај многу Македонци и прогресираат во целиот овој период на плурализам и таканаречена демократија, а, единствено што постигнуваат е, да ги скараат Македонците меѓу себе да ги скараат своите. Не во кавга која на „Прочка“ ќе си ја простат, туку, во самоубиствен антагонизам, во борба до крај, до последната капка крв, додека постојам. Таа мкд заостанатост, тој проклет мкд код, има моќ да раздели мајка од ќерка, татко од син, верник од свештеник, дедо од внук, а камо ли партиец од партија. Затоа, удри Максим по дивизија, кој ја шиша партијата и државата.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани.

Next Post
Фото: Yaopey Yong on Unsplash

Најлошите навики во исхраната што можат да го ослабат имунитетот

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk