ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕБОР: Новиот далновод интерконектор ќе ја зајакне меѓуграничната размена на електрична енергија

August 31, 2021 16:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Започна изградбата на новата станица за електрична енергија во Охрид, која е клучна компонента од првиот далновод интерконектор на електрична енергија помеѓу Албанија и Северна Македонија, кој ќе се протега од Битола, Северна Македонија до границата со Албанија.

Проектот е финансиран од Европската Банка за Обнова и Развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ), а претставува дел од ЕУ иницијативата за воспоставување на коридор на пренос на електрична енергија Исток-Запад, помеѓу Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Италија.

Започнувањето на градежните работи започнува денес, во Охрид, во присаство на Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и Заменик Министерот за енергија и инфраструктура на Албанија, Илиј Бејта, како и претставници на ЕБОР, Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија и ЕУ, Заменик Претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија изјави: ,,Поддршката на круцијална регионална меѓу-гранична инфраструктура е клуч во креирање на поголеми интегрирани пазари на енергија и зголемување на енергетската безбедност во регионот. Изградбата на оваа нова линија, ќе помогне во зголемување на капацитетот на обновлива енергија во Северна Македонија, со што ќе се овозможи земјата да постигне побрза декарбонизација на сопствениот сектор на електрична енергија. Исто така ќе го подобри балансот на системите на електрична енергија, благодарение на поврзување на македонскиот пазар на електрична енергија, каде преовладува термална енергија, со албанскиот пазар на електрична енергија, каде преовладува хидро енергијата.”

Џулијан Васало, Заменик Претставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје изјави: ,,Овој проект е поддржан од ЕУ со ЕУР 12 милиони, и им овозможува на двете земји да креираат одржлив регионален пазар на електрична енергија, придвижување кон целите на декарбонизација пропишани во Зелената Агенда и замена на застарената инфраструктура, со која доаѓа до технички загуби. Крајните резултати ќе донесат снабдување со постабилна и поефтина енергија за домаќинствата и компаниите во регионот.”

Со овој проект се завршува прстенот на електрична енергија од 400kV помеѓу Албанија, Северна Македонија и Грција, со кој се зајакнува меѓу-граничната размена на електрична енергија, и кој придонесува за развој на регионалните пазари. Делот помеѓу Бугарија и Северна Македонија, е финансиран од ЕБОР, и е веќе завршен. Новата 400kV линија помеѓу Албанија и Црна Гора, како и подводниот кабел помеѓу Италија и Црна Гора е завршен и оперативен.

Новата преносна линија ќе обезбеди подобрено и подостапно снабдување со енергија за домаќинствата и бизнисите во Северна Македонија, преку нормализирање на волтажните нивоа, стабилизирање на протокот на оптоворавување и флуктуациската зачестеност, како и намалување на техничките загуби во општиот систем на трансмисија.

ЕБОР обезбеди ЕУР 37 милиони за Македонскиот преносен систем оператор АД (МЕПСО), за поддршка на изградбата на далноводот интерконектор, како и за воведување на паметни мрежни компоненти, кои го подобруваат предвидувањето на енергијата и го олеснуваат интегрирањето на обновливите извори на енергија во системот на електрична енергија.

ЕУ ја ко–финансираше инвестицијата со ЕУР12 милиони грант од Инвестициската Програма за Западен Балкан, а Луксембург има доделено средства за техничка помош на МЕПСО.

ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над €2,1 милијарди преку 147 проекти во земјата. Поддршка на зелената енергија е приоритет на Банката, бидејќи тоа е еден од најголемите предизвици во земјата.

Next Post
фото: МИА

Премиерот Заев утре ќе учествува на панел на Стратешкиот форум на Блед

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk