Пожарот на Галичица од албанска се префрли и на македонска страна. Иако и претходно, делови од пожарот влегуваа македонската страна. Карактеристично за пожарот е тоа во изминатите денови се слушнати околу 20 експлозии коишто се предизвикани од неексплодирани мини гранати, најверојатно од Првата Светска Војна, изјави на прес-конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Со цел да се изгасне пожарот и да не го зафати Националниот парк Галичица, Генералниот штаб би прави сите напори да најде соодветен начин за совладување и гасење на пожарот, без да се изложат на опаснот членовите на посадата на хеликоптерите и на сите оние кои ќе учествуваат во гаснењето на пожарот“, рече на вчерашната прес-конференција Ангелов.