ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерот Спасовски во Охрид ги отвори Синдикални игри и средби на претставниците на Македонскиот полициски синдикат

September 12, 2021 14:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана од претседателот на МПС, Марјан Кицев, а во присуство на претседателот на Европските полициски синдикати, Рикардо Валадас, државната секретарка во МВР, Магдалена Несторовска, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски, заменик – директорката  на Агенцијата за разузнавање, Александра Бакреска Додовска и директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, денеска во Охрид ги отвори Синдикалните игри и средби на членовите на Македонскиот полициски синдикат.

– Синдикалното организирање претставува столб на кој се засноваат и унапредуваат правата на вработените. Секое општество кое што тежи кон развој и просперитет, е должно да го негува и поддржува синдикалниот дух. Токму преку  овој начин на дејствување, преку спортското натпреварување  другарување, размена на искуства на полициски службеници од повеќе  земји учеснички на спортските средби се јакне спортскиот дух  и  квалитетното синдикално функционирање, рече министерот Спасовски во своето обраќање.

Тој посочи дека ако солидарноста претставува еден од базичните принципи на синдикализмот, тогаш еден од најдобрите начини за нејзино реално демонстрирање и зацврстување е токму ваквиот вид на дружење, подобро запознавање на синдикалците и градењето фер спортски однос.

– Оваа традиција што Македонскиот полициски синдикат ја има воспоставено низ годините наназад е токму таква убава можност во која секогаш се наоѓаат и дополнителни  форми за квалитативно збогатување на тоа дружење, вредности и цели кои го спојуваат убавото и корисното, потенцираше Спасовски.

Меѓудругото, министерот Спасовски во оваа прилика искажа посебна благодарност до претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас за неговите особени заложби во промовирањето на нашата убава земја, нашето Министерство за внатрешни работи и синдикализмот насекаде во светот. Пред почетокот на Синдикалите игри од страна на присутните со едноминутно молчење им беше оддадена почит на загинатите бранители на МВР и на починатите во пожарот во Модуларната болница во Тетово, информираат од МВР.

извор: МИА
Next Post

Тодоровиќ: Ковид сертификатите ќе се користат во кафулиња, ресторани, барови и ноќни клубови

Shortcut

Најново

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026
Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk