ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Нема да се соочиме со енергетска криза

September 13, 2021 12:30
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека државата нема да се соочи со енергетска криза и оти такви неточни информации шират неколку новинари и портали, кои исто така пишувале дека ќе се зголеми цената на струјата, но, како што рече, тоа не се случи.

-ЕСМ веќе работи, ги зголемува капацитетите. Но, треба да имаме предвид дека, ние како Министерство за економија и планот на Влада, сме зеле обврска во делот на трансформација на енергетиката и веќе работиме и инвестираме во зелена енергија, како што се соларната и ветерната енергија, а дополнително на тоа очекуваме до крајот на годината да се завршат неколку фази и во делот на дистрибутивната мрежа за природен гас, а секако и за изградбата на „Чебрен“, изјави Бектеши на прес-конференцијата на Македонскиот енергетски форум.

Во однос на иницијативата на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за енергетската сиромаштија, Бектеши истакна дека наскоро ќе се знае кои категории на граѓани ќе бидат опфатени со таа програма.

–Во однос не енергетската сиромаштија тоа е обврска која ја имаме согласно потребите и барањето на енергетската заедница. Имајќи предвид дека веќе се подготвуваше и Планот во однос на клима-енергија која треба да се усвои во текот на октомври во Владата, веќе се одржуваат расправи и оттука ќе произлезат сите мерки. Ние веќе заедно со Министерството за труд и социјална политика, како и РКЕ, веќе подготвивме низа мерки во однос на проширување на бројот на граѓани, на домаќинства кои ќе можат да добијат надоместок од страна на државата и во вид на финансиска поддршка и дополнително и други мерки кои ќе имаат олеснување во делот на плаќање на такси или слично, рече Бектеши.

Тој очекува дека по усвојувањето на Планот за клима и енергија, ќе биде усвоена и Програмата за енергетска сиромаштија. Бектеши посочи дека во зависност од финансиските можности за наредната година, ќе се одлучува кои категории на граѓани ќе бидат опфатени со енергетската сиромаштија.

-Дополнително на тоа ќе направиме план за наредните пет години во делот на проширување на бројот на опфатени граѓани, рече Бектеши./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ ги повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за Кочани: Да покажеме човечност и грижа

May 11, 2025

Зеленски: Добар знак е што Русите конечно почнале да размислуваат за прекин на војната, но првиот чекор е прекин на огнот од 12 мај

May 11, 2025
Фото: ЕПА / МИА

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

May 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Кристина Костова: Мицкоски сака да владее во хаос, СДСМ се враќа со конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Браната Три Кланци во Кина ја успори ротацијата на Земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мастрафот си ти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица: ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка, веќе нема да требаат ни сертификати за директорско место

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk