Денес имав чест да ја отворам првата конференција „Жени во надворешна политика”, организирана од Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик Министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, а под покровителство на Првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, кажа Шефот на дипломатијата Бујар Османи, во обраќањето на конференцијата на “Жени во надворешна политика”.
-Зајакнувањето на улогата на жената во надворешната политика, како и обезбедување на поголема застапеност на жените во донесување одлуки е особено значајно за просперитот и демократскиот развој на државите; Министерството за надворешни работи е активно на полето на обезбедување родова еднаквост: заменик МНР е жена, Фатмире Исаки, околу 45% од вработените во Министерството се жени, назначени се 12 жени амбасадори во пријателски земји; Продолжуваме со заложбите за надминување на родовите нееднаквости во насока на обезбедување еднакви можности за жените и мажите во општеството, рече министерот.