ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев-Техада: Имаме одлични билатерални односи и продолжуваме со заедничка реализација на проекти од интерес за граѓаните

September 15, 2021 16:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев ја прими амбасадорката на Швајцарската Федерација, Сибил Зутер Техада во проштална посета, посебно истакнувајќи ја нејзината посветеност, искреното пријателството и поддршка на проекти, кои го подобруваат животот на граѓаните.

Двајцата соговорници на средбата особено ја истакнаа важноста на Програмата за соработка со Северна Македонија 2021-2024 година на Швајцарија, каде се препознаени истите приоритети како и оние на Владата и тоа создавање работни места, одржлив раст и дигитализација.

Премиерот Заев посебно ја оцени личната ангажираност на амбасадорката Зутер Техада, и ѝ предаде благодарница за посебен придонес во одржувањето на одличните билатерални, пријателски односи меѓу двете земји и за континуираната реализација на многубројните заеднички проекти, со фокус на борбата против корупцијата, социјалната заштита, родовата еднаквост, подобрување на економската положба на работниците, создавање услови за зголемување на вработеноста и намалување на сивата економија,  како и реформите од областа на заштитата на животната средина,  реформи во административното работење и демократскиот развој на нашата држава.

Амбасадорката на Швајцарската Федерација изрази поддршка за остварување на стратешката определба на Северна Македонија за интеграција во Европската Унија и за важноста на регионалната соработка од аспект на ЕУ перспективата  на нашиот регион.

Соговорниците ја оценија билатералната соработка меѓу двете земји како извонредна, изразувајќи заедничка подготвеност да продолжи реализацијата на заедничките проекти со уште поголеми резултати од интерес на граѓаните и севкупен просперитетот на државата.

Next Post

Нови парламентарни избори во Бугарија на 14 ноември

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk