ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Брима“ истражување: На локалните избори, 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за ВМРО-ДПМНЕ

September 20, 2021 08:41
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во Република Северна Македонија во пресрет на локалните избори во државата е теренско истражување, спроведено во периодот од 27 август до 9 септември годинава на национално репрезентативен примерок (анкетата е направена според методот лице-в-лице, во домот на испитаникот), со запазаување на сите демографски карактеристики на популација од 18+ години во државата, во која се опфатени 1.201 испитаници. Резултатите се со маргина на грешка од +/- 2,8%, ексклузивно објавува Слободен печат.

Испитаниците беа запрашани и за тоа „За кандидат на која политичка партија би гласале за градоначалник на вашата општина на претстојните локални избори?“, по што 19,8% би гласале за кандидат на СДСМ, 17,7% за кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, 7,5% за ДУИ, 5,6% за Алијансата на Албанците, 4,6% за Движењето БЕСА, 3,3% за Левица итн. Занимливо, во овој момент 2,4% се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат, а 8,8% се изјаснуваат дека нема да гласаат. Сепак, околу една четвртина се во категорија „неизјаснети“, односно 13% велат дека се „неодлучни“, 3,7% велат„не знам“, а  7,4% експлицитно „одбиваат да одговорат“.

Од аспект на етничка припадност, 52,2% од етничките Македонци „многу веројатно“ би гласале, наспроти 24,7% од етничките Албанци и 45,7% од другите националности.

Од оние кои се изјасниле дека „многу веројатно“ би гласале во најнизок процент се во Полошкиот регион (20,7%), а во највисок во Југоисточниот регион (70%). Во другите региони овие параметри се движат во опсег од околу 38%-56%.

Ако се разгледуваат само испитаниците кои во овој момент се изјаснуваат дека „многу веројатно“ ќе гласаат на локалните избори, 33% од нив би гласале за кандидат на СДСМ, 28,2% за кандидат на ВРМО-ДПМНЕ, 4,5% за ДУИ,2,8% за Алијансата на Албанците, 3,3% за Движењето БЕСА, 3,8% за Левица итн.Моментно, 2% од испитаниците се изјаснуваат дека ќе гласаат за независен кандидат и во помал процент за други партии.

Секако дека треба да се има предвид дека претстои предизборна кампања која бездруго ќе влијае врз определбата на гласачите да излезат на гласање и да го дадат својот глас за одредена опција.

Кога ќе се споредат податоците за партиските рејтинзи и гласачкиот потенцијал на партиите, со изборното расположение за претстојните локални избори, слободно може да се заклучи (со мали варијации) дека постои висока корелација помеѓу партиската определба со определбата за кого би гласале за градоначалник на својата општина на претстојните локални избори. Но, во зависност од конкретните „понуди“ на кандидатите, можна е промена во изборната определеност на претстојните локални избори.

Извор: Слободен печат 

Next Post

Без струја утре делови од Кисела Вода, Чаир, Карпош и Сопиште

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk