ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Евродипломат: Одлуката во ЕУ за Северна Македонија зависи од земјите членки и волјата на партнерите

September 20, 2021 12:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Висок ЕУ дипломат изутринава на брифинг со новинарите се осврна на проширувањето и изгледите за Северна Македонија да ја одржи првата Меѓувладина конференција со Унијата во декември, нагласи дека сѐ уште е рано да се шпекулира, јави дописничката на МИА од Брисел.

Утре се одржува првиот формален Совет за општи работи на министрите за европски прашања на ЕУ. Иако проширувањето не е на агендата, не е исклучено министрите да ја покренат темата доколку оценат дека е потребно, посебно во пресрет на лидерскиот самит ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Словенија на 6 октомври.

На брифингот денеска во Брисел, висок дипломат од земја членка не сакаше да шпекулира за шансите до декември да се деблокира состојбата за Северна Македонија и конечно ЕУ да го исполни ветувањето, дадено во март 2020, дека земјата, заедно со Албанија, треба да ја одржат првата Меѓувладина конференција со ЕУ и со тоа да ги започнат формално преговорите за членство во ЕУ.

Северна Македонија и натаму е блокирана од Бугарија, каде изборите се презакажани за ноември, што не остава многу време до декемврискиот самит на лидерите на ЕУ да се надмине ветото.

Надежта во Брисел е дека самитот во Брдо кај Крањ во Словенија на 6 октомври ќе овозможи напредок, велат дипломатите.

– Се подготвува самитот на 6 октомври и работиме на неговиот исход, уверен сум дека ќе биде успешен. Словенечкото претседателство ќе се обиде најдобро да се справи со сите прашања поврзани за проширувањето и Меѓувладината конференција во наредните месеци, но ќе зависи од политичката состојба во земјите членки, како и од волјата на партнерите да се оди напред, изјави за МИА висок дипломатски претставник на земја членка на ЕУ.

Тој додаде дека „тешко е да се каже за сега кој ќе биде исходот“ во декември.

– Лидерите ќе имаат можност во Словенија да дискутираат за сите овие прашања, рече тој и нагласи дека самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо е од голема важност.

Министрите за европски прашања на ЕУ на утрешната средба ќе се фокусираат пред сѐ на пандемијата и вакцинацијата. Иако не е формално на дневен ред, не е исклучено земјите членки да побараат дискусија за трилатералниот воен сојуз помеѓу Австралија, САД и Британија, во кој ЕУ не беше поканета да учествува и кој предизвика големи тензии со Франција./МИА/.

Next Post

Битиќи: Во услови на пандемија, донесовме одлуки и мерки за да ги зачуваме работните места и ликвидноста на компаниите

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk