ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Само со фер и демократски избори сите ќе бидеме победници

September 23, 2021 14:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека само со одржување фер и демократски избори сите во земјава можат да бидат победници. Изборот, рече, е на граѓаните и тие ќе се одлучат за она што мислат дека е најдобро за нив, за нивната општина, за државата. Од носителите на функции во институциите кои се дел извршната власт побара да не ги злоупотребуваат државните ресурси за партиски цели.

-Денеска го потпишавме Кодексот за фер и демократски избори, бидејќи со избори кои се европски ќе победиме сите. Тоа е најважното затоа што сега нема назад. Неколку избори наназад во овие четири години имаме пример за фер и демократски избори и секои нови се се подобри и подобри. Законските решенија ги имаат во најголем дел имплементирано препораките на ОДИХР и ОБСЕ, рече премиерот Заев.

Тој истакна дека локалните избори се мошне важни, бидејќи, како што нагласи се бираат првите луѓе на општините и советници во Советите, а општините, според него, ќе стануваат се поважни во секојдневието на граѓаните.

-Тука се создава животот, во нивна надлежност се градинките, основните и средните училишта, институциите од областа на културата, комуналните претпријатија, хигиената, водата за пиење и затоа е многу важно да избереме она што е добро за сите нас, рече премиерот Заев во одговор на новинарско прашање.

Тој нагласи дека сите учесници во изборите треба да се заложат да имаме фер и демократски избори. Во тој контекст апелираше до сите носители на извршните функции кои се дел од извршната власт да го почитуваат законот, да не ги користат државните капацитети и потенцијали што се на сите граѓани, а во моментов некој располага со нив, затоа што, како што нагласи, тоа е казниво но и за да може да има фер натпревар и еднаквост на силите на сите кои учествуваат во кампањата.

Премиерот потенцираше дека поголемите партии треба да им отстапат простор на помалите, како и на независните, со цел и тие да бидат повидливи и полесно да допрат до граѓаните.

-Верувам дека ќе имаме успешни фер и демократски избори во кои ќе победат најдобрите, рече Заев./МИА/.

Next Post

Панел-дискусија: Користиме вештачката интелигенција без да знаеме, човековите права доведени во прашање

Најново

Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

Мицкоски на отворањето на Спортските игри за млади: Спортот е иднината на Македонија, Владата ќе продолжи со силна поддршка

May 8, 2026

Жерновски: Мицкоски клечеше и лажеше за Преспанскиот договор за да дојде на власт, а сега има амнезија

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk