ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СКЕН – политички видео магазин: Рампа – (не)прифатеноста на лицата со попреченост во општеството

ЦИВИЛ бара лицата со попреченост да бидат дел од структурите за донесување на одлуките, да бидат директори, раководителки, раководители, пратенички и пратеници, членови на Влада, членови на парламент.

December 23, 2019 13:41
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 декември, ЦИВИЛ организираше панел дискусијата под наслов „Рампа“, посветена на (не)прифатеноста на лицата со попреченост во општеството, како и на процесите за деинституционализација и пристапноста до услугите од институциите на локално и на национално ниво.  Целта на овој ден е да се зголеми јавната свест, разбирање и прифаќање на лицата со попреченост.

Оваа издание на СКЕН – политички видео магазин го посветивме токму на рампите во општеството, нивната симболика, но и физичка потреба за лицата со попреченост. На листата апели се надоврзува барањето на ЦИВИЛ  за подеднаков третман, еднаквост и пред сè почитување на нивните човековите права и слободи.

ЦИВИЛ бара лицата со попреченост да бидат дел од структурите за донесување на одлуките, да бидат директори, раководителки, раководители, пратенички и пратеници, членови на Влада, членови на парламент. Да се крене рампата и да им се дадат еднакви можности во ова општество кое долго време гледаме дека се залага за изградба на едно општество за сите. ЦИВИЛ во првата година од постоењето, пред речиси 20 години, реализираше една од првите активности како организација – поставување на пристапната рампа, првата таква изградена во соработка меѓу невладина организација и државна институција.

Учесници на панелот беа Сандра Пешевска Мицковска, активистка за правата на лицата со попреченост, Благица Димитровска од здружението „Инклузива“, градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, Вангел Тркаљанов и Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјална политика.

Борбата за целосна инклузија на лицата со попреченост е тешка и макотрпна. Стереотипите, дискриминацијата, предрасудите, говорот на омраза, маргинализирањето се општествени, политички, економски и социјални недоследности со кои оваа категорија на луѓе секојдневно се соочуваат. Јакнењето на јавната свест, промената на менталитетот кај граѓанките и граѓаните преку едукација и информираност, очигледно не се доволни. Она што апелираат и самите лица со попреченост е итни мерки за заштита на нивните човекови права и слободи со подеднакво уважување како и за сите луѓе во земјата и светот.

Биљана Јордановска / ЦИВИЛ Медиа

Next Post

Пентагон повика американските технолошки компании да се обединат против „Хуавеј“

Shortcut

Најново

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk