Новата рубрика „Кратки нозе“, на Цивил медиа разоткрива лажни вести… Заев смета дека е можно приближување до ЕУ пред Божиќ… Преку НАТО центарот наши компании ќе може да учествуваат на тендери во вредност од 5 милијарди евра… Дали ако градоначалникот на Петровец крадел, институциите треба да молчат… Грозоморно чедоморство во Хрватска… 52,5% од граѓаните на Скопје сметаат дека состојбата во градот е подобрена… Ѓорческа поразена во полуфиналето во Визбаден
ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА, ПОПИС
Заев во интервју за виенски „Стандард“: Мислам дека е можно да се постигне придвижување пред Божиќ, односно на Советот на ЕУ на 22 декември, бидејќи Бугарија до тогаш ќе избере нов парламент на 14 ноември, а вториот круг од претседателските избори таму ќе се одржи една недела подоцна. Така, тие имаат повеќе од еден месец да донесат одлука.
Преку НАТО Центар за поддршка на домашните компании што од денеска ќе функционира во Министертсвото за одбрана, фирми од земјава ќе може да учествуваат на тендери за потребите на Северноатлантската алијанса, кои на годишно ниво изнесуваат 5 милијарди евра.
Првиот Социо-еколошкиот форум денеска во Скопје ги седна на иста маса регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари.
Заев на Социо-еколошкиот форум: Северна Македонија признаен пример за целосна насоченост кон праведната транзиција кон чиста енергија за здрава животна средина и за нови работни места.
Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.
ЛАЖНИ ВЕСТИ, СКАНДАЛИ
Дали ако градоначалникот на Петровец крадел, институциите треба да молчат само затоа што има избори? Градоначалникот на општина Петровец кој е и кандидат на опозициката ВМРО-ДПМНЕ за нов мандат заедно со уште четири лица го оштетиле буџетот на општина Петровец со над 1.5 милион евра.
Видео рубриката „Кратки нозе“ која почна да се емитува на Цивил медиа, разоткрива неколку лажни вести, кои деновиве беа пласирани на социјалните мрежи и портали.
ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА, РЕГИОН
Во изминатите 24 часа регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19, починале 17 лица, а оздравеле 339 пациенти. Дополнително во „Мој термин“ пријавени се уште три починати лица во периодот од 12 до 22 септември, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани.
Анкета на Рејтинг: 52,5% од граѓаните на Скопје сметаат дека состојбата во градот е подобрена во последните 4 години.
Денеска градоначалникот Шилегов заедно со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје, го посетија новиот мост на „Булеварот АСНОМ“ кој е во завршна фаза на изградба.
Провокации помеѓу Србија и Косово: Српски борбени авиони ја надлетуваат границата со Косово.
Грозоморно чедоморство ја шокираше Хрватска утрово – 56-годишен маж со раце си ги задавил трите малолетни деца во загрепската населба Млинови. Потоа се обидел да се самоубие
СПОРТ
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа, во полуфиналето на турнирот во Висбаден, Германија, со награден фонд од 80 илјади долари (категорија W80), пред неколку моменти доживеа пораз од првата носителка на турнирот Французинката Клара Бурел
Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер се огласи по денешниот поразот од Астон Вила со 0:1 во Премиер лигата. Очигледно сум разочаран бидејќи голот беше од офсајд, се пожали Солскјер.
Ј. Ѓ.