ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Преглед на денот: Нашата цел е Северна Македонија и Албанија да започнат со пристапниот процес пред крајот на годината, Владата на Северна Македонија го задржа првото место по транспарентност во регионот

September 28, 2021 21:06
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на Фон дер Лејен силен сигнал за потребата од почеток на преговорите со ЕУ, САД ја зголемија вредноста на грантот за партнерство со Северна Македонија од 8,2 милиони на 56,6 милиони долари, Мицкоски повеќе време троши на напаѓање на Заев и СДСМ, отколку да понуди нешто на граѓаните.

ПОЛИТИКА, ПАНДЕМИЈА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен којашто е во еднодневна работна посета на нашата земја.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 108-ма седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од склучување на нов усогласен текст на Амандманот бр.1 на Договорот за грант за партнерство за развој меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, и го овласти министерот на финансии Фатмир Бесими да ги потпише договорот со новиот амандман според кој  УСАИД го зголемува вкупниот планиран придонес од 8.258.792 долари на 56.610.000 долари.

Вистина е дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и ве сакаме покрај нас. Европската комисија, и јас самата, стоиме на тоа дека вие постигнавте извонреден напредок и сакам да бидам јасна дека сега ЕУ треба да испорача, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје.

Според извештајот Северна Македонија освои рекордни 83,43% од поставените критериуми во доменот на транспарентноста. Зад неа е Србија со 74,9%, потоа следи Црна Гора со 59,5 и на крајот е БиХ со освоени 47,7% од максималниот број можни поени.

Министерството за труд и социјална политика известува дека денеска 28.09.2021 год. (вторник) започна етапната исплата на септемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Тоа што денес го предлага Црвенковски е напишано во Националната Стратегија пред 25 години од МАНУ, кога тој бил премиер. Досега истата никој ја нема реализирано, а многумина веројатно ни прочитано, пишува Ерол Ризаов.

Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 26 септември, со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 отсто од населението над 18 годишна возраст.

ИЗБОРИ

Во изминатите речиси две години пандемијата ги смени животите на граѓаните. Покрај здравствените ризици кои ги донесе Ковид-19, силно страдаше економијата и семејните буџети на граѓаните. Затоа, најдоброто за нашиот град во следните четири години подготви пакет од силна финансиска поддршка за сите групи граѓани.

Христијан Мицкоски вчера потроши повеќе време за неосновано да го напаѓа СДСМ и претседателот Зоран Заев, отколку да им понуди на охриѓани и граѓаните на државата, реални издржани мерки и проекти. Сето тоа кажува колку ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат понуда на овие избори и дека ќе ја користат секоја прилика преку лажни вести и конструкции да бараат алиби за поразот што им следува на изборите.

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје Арсовска денес објави дека би вовела бесплатен јавен превоз во Скопје за сите скопјани, ако стане градоначалничка. Ваквото тврдење и ветување, доколку не е само манипулативен предизборен маркетинг, ќе значи банкрот за Град Скопје. Експерти кои се упатени во проблематиката со јавниот превоз, недвојбено укажуваат дека воведувањето на бесплатниот јавен превоз или комплетно ќе го блокира јавниот превоз или ќе го банкротира градот Скопје.

В.Д

Next Post

Шекеринска: Прашањето не е што ќе кажеме во говорите, туку што ќе направиме за решавање на проблемите

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk