Американската амбасадорка Кејт Брнз, придружувана од својот сопруг Лери Скот Гејџ, денеска беше во посета на ЈП „Лајка“.
Директорката на ЈП „Лајка“ Тина Петрушевска ја запозна амбасадорката со тековните активности и со долгорочната мисија на претпријатието кое се грижи за благосостојбата на бездомните кучиња на територија на град Скопје.
Во рамки на посетата, Брнз ја посети ветеринарната служба на прифатилиштето каде се спроведува хуманиот третман, а исто така во паркот за миленици имаше одлична дружба со дел од кучињата подготвени за вдомување.