ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МВР: За 73 % намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021

October 3, 2021 15:02
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ОПШТЕСТВО
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.

Според претседателката Кожуваровска, евидентно е дека кампањите што заеднички ги спроведуваат РСБСП и МВР даваат резултати.

-Заврши летната кампања која беше под мотото „Вози одморен“ која ја реализираа РСБСП И МВР. Оваа кампања придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15. Задоволни сме бидејќи е намален бројот на сообраќајни незгоди и неколкукратно е намален бројот на загинати лица во сообраќајни, а ќе бидеме целосно задоволни кога бројот на загинати лица во сообраќајните незгоди ќе биде нула. РСБСП продолжува со планираните активности. Во  септември започна учебната година, а со тоа започна  и кампањата  „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, рече Кожуваровска.

Затоа, додаде таа, РСБСП апелира до возачите да бидат внимателни, да внимаваат на децата во сообраќајот и да ја намалат брзината во близина на училишта  и градинки.

–Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! Во тек е и кампањата „Безбедно возење со трактор“. Возачите на трактори и други работни машини за да учествуваат во сообраќајот треба да поседуваат соодветна возачка дозвола и да управуваат со технички исправни  и регистрирани возила“, рече Кожуваровска.

Портпаролот на МВР им се заблагодари на мнозинството граѓани кои се приклучија во напорите да се обезбедат што е можно побезбедни патишта, но и на полициските службеници, кои секојдневно даваат придонес за побезбедни патишта.

-За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите девет месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата, рече Ангеловски.

За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.

-Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 368 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, а синоќа санкционирани се и 141 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, нагласи Ангеловски.

Next Post

ИЗБОРЕН РАПОРТ #7: Како да не постојат протоколи за заштита од КОВИД-19, продолжуваат политичките злоупотреби на децата и црната кампања

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk