Фејсбук, Инстаграм, Месинџер и Вотсап се соочуваат со еден од најголемите прекини во работата досега. Сите четири услуги се во сопственост на „Фејсбук“ и не може да им се пристапи и од компјутер и преку смартфон апликациите. Кандидатка на коалицијата Зелен хуман град, Aна Петровска, во програмата нуди затварање на скопската зоолошка од Х банални причини, директорот скопската ЗОО градина, Ѓорѓи Галетановски, реагираше на програмата на кандидатката,Мицкоски не нуди проекти, но може да зборува за зајаци и магариња. Дали може Македонија да издржи толку демократија и избори, образложува во најновата колумна Сашо Орданоски.. Со Скопје Смарт Сити, Скопје станува град без шалтери, истакна Шилегов. Засега не се планираат нови рестриктивни мерки, а трета доза може да биде дадена секому, не само на граѓаните над 60 години
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2021
Ја прочитав програмата на „независната“ кандидатка на коалицијата Зелен хуман град, Aна Петровска, па видов дека во програмата нуди затварање на скопската зоолошка од Х банални причини. Госпоѓо Ана, еве јас како менаџер на оваа институција, поставен од градоначалникот и советот на град Скопје ќе ви дадам 2-3 бесплатни совети за вашата програма. Зоолошките во Европа и низ светот постојат заради заштита на дивите видови животни кои се во фаза на изумирање. – вели во својата реакција директорот Ѓорѓи Галетановски
Лукаревска во Битола: Четири години и долгови враќаме и градиме и услуги обезбедуваме, имаме план за развој. Таква ни е среќата, секогаш почнуваме од почеток, како од темел да ја градиме државата, ама, можеме, зашто ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда. Така беше и овде во општина Битола, успеавме, рече заменик претседателката на Социјалдемократскиот сојуз на трибината во Битола.
Партијата на Данела Арсовска ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за најкоруптивниот проект во историјата на Скопје – проектот „Скопје 2014“ за кој Груевски лажеше дека ќе чинел 80 милиони евра, за на крај да потроши околу 700 милиони евра на лажен барок, велат од СДСМ. Дуото од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е симбол за корупција.
ПОЛИТИКА
Вицепремиерот во своето воведно обраќање нагласи дека во оваа фаза на развојот на Република Северна Македоија неопходно е да се зборува за забрзување на „зелените финансии“ и за неопходноста од воведувањето различни финансиски инструменти што ќе водат до подобар исход за животната средина во државата. „Дозволете ми да ги повторам позициите на Владата на Северна Македонија и уште еднаш да потенцирам дека нашата посветеност на „Зелената“ агенда е поголема од кога и да било досега, а со тоа и потребите за инвестиции се значителни на сите нивоа и во сите сектори. Ние, без сомнеж, сме целосно посветени на намалување на загадувањето, намалување на емитувањето на стакленичките гасови, зазеленувањето на нашата економија, особено преку намалување на нашата зависност од фосилни горива и фокусот на поефикасно користење на енергијата и во индустрискиот и во станбениот сектор“, потенцираше Битиќи.
Завршување на стратешката цел на Северна Македонија, членство во ЕУ, и во тој контекст, очекувањата и перспективите за следниот самит Брдо на ЕУ-СБ во Крањ, Словенија, била темата во фокусот на разговорите на денешната средба во Берлин на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Германија, Бујар Османи и Хајко Мас. На средбата се разговарало и за теми поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за најновите регионални случувања.
Оптимизам за решение со Бугарија по изборите, Самитот ЕУ-Западен Балкан дополнителна мотивација. Премиерот Зоран Заев смета дека само со разговор и дијалог може да се изнајдат решенија, а според претседателот Стево Пендаровски, тоа треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка.
ФРОНТ И РЕНДГЕН
Во екот на предизборната кампања, каде кандидатите од сите политички партии се борат за секоја секунда достапен јавен и медиумски простор и ја користат секоја прилика за соочување со противкандидатите и аргументирање на својата програма и понуда, имаме ситуација кога кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, ги откажува сите ТВ дебати со противкандидатите… пишува ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ.
Може ли Македонија да издржи олку демократија?. Во наши услови, тоа значи дека за пет години сме „изгубиле“ две-три години во гласачки активности, кога ќе се пресметаат сите предизборни месеци, официјални и неофицијални кампањи, први и втори кругови на гласање и сите афтер-шокови од пребројувањето на гласовите, жалбите, тужбите и пост-изборните лелеци и „лижење на раните“.- колумна на Сашо Орданоски.
Наместо за проекти, Мицкоски зборува за зајaци и магариња. За Мицкоски минатото е само во изминатите четири години, тој критикува власт само затоа што е СДСМ, а ниту еднаш не се осврна на грабежот и криминалот кој владееја цели 11 години пред тоа, ниту пак се извини за грабежот на народот од веќе осуденик поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ
FRONTTECH, ЗАНИМЛИВОСТИ
Некои од најпопуларните апликации за социјално вмрежување во светот – Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер „паднаа“ во цел свет. Според вебс-траницата Даун Детектор (DownDetector), проблемите започнаа околу 16:44 часот по средно европско време и влијаат на потрошувачите ширум светот. Мрежите се уште се недостапни и нема коментар од компаниите за прекинот.
Американскиот боксер, всушност, се опуштал со цртање меѓу борбите… Од колекцијата од 24 слики, некои се во карикатурален стил и ја посочуваат окупираноста на Али со прашањата за верска и социјална правда. Некои дела го прикажуваат и самиот автор во боксерскиот ринг. Аукциската куќа „Бонамс“ очекува колекцијата да се продаде за 40.000 до 60.000 американски долари.
Пониски цени на роаминг меѓу Западен Балкан и Европската унија и широкопојасен интернет за 95 отсто од домаќинствата до 2024 година се цели кои ќе се дискутираат за време на четвртиот дигитален самит на економиите на Западен Балкан, истакна генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу, во подкаст на DSWB, што ќе се одржи во Подгорица од 11 до 13 октомври.
В.К