ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицотакис – Пендаровски: Потврдена грчката поддршка за ЕУ перспективата на Северна Македонија

October 5, 2021 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Веројатно сме најдобро подготвена земја кандидат во историјата на Европската Унија. Значи потребна ни е, заслужуваме реална можност за да ги започнеме преговорите и се потпираме на вас, на вашата поддршка, како и секогаш, рече претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски на почетокот на средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Пендаровски истакна дека Грција е меѓу најсилните поддржувачи на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и изрази надеж дека утре во Словенија, заедно со многу други европски пријатели и Атина ќе го поддржи барањето на сите земји од Западен Балкан, а главно на Северна Македонија.

– Ќе треба конечно да започнат пристапните преговори со Европската Унија нешто што го чекаме многу време, бидејќи ги исполнуваме сите предуслови, истакна претседателот.

На почетокот од средбата, му објасни на Мицотакис дека во тек се напорите за наоѓање решение со Бугарија, но и дека намерата не е да се скрати патот до Унијата, туку да се исполнат сите предуслови и предвидени процедури. Додаде дека веќе 16 и пол години чекаме и „дојден е моментот да започнат преговорите, кои траат со години“.

– Она што го бараме, не е да станеме членки преку ноќ, туку да ни се даде шанса да започнеме преговори, а во продолжение ние и многу наши европски пријатели да ги финализираме сите пристапни делови, поранешни поглавја. Подготвени сме. Веројатно сме најдобро подготвена земја кандидат во историјата на Европската Унија. Значи потребна ни е, заслужуваме реална можност за да ги започнеме преговорите и се потпираме на вас, на вашата поддршка, како и секогаш, истакна претседателот Пендаровски.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, изрази задоволство за посетата, но и спомена дека ЕУ перспективата на регионот ќе биде една од темите на утрешниот самит во Словенија.

– Како што знаете, придаваме големо значење во зајакнувањето и продлабочувањето на нашите билатерални односи, но и на промоција на интегративниот процес на Северна Македонија. Тоа е прашање за кое ќе имаме можност да разговараме утре во Словенија, во рамките на Самитот ЕУ- Западен Балкан. Драго ми е што нашата со билатерална соработка оди напред со стабилни чекори во енергетиката, одбраната, поврзаноста и меѓуграничната соработка, рече Мицотакис.

На почетокот на средбата грчкиот премиер изрази сочувство до претседателот Пендаровски за загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Од кабинетот на претседателот Пендаровски соопштија дека соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, при што е оценето дека официјалната посета на највисоко ниво означува важен момент во развојот на односите меѓу двете држави.

Претседателот Пендаровски оценил дека постои видно подобрување на односите меѓу двете држави по потпишувањето на Преспанскиот договор, со потенцијал за натамошно зајакнување на соработката во секое поле од взаемен интерес и истакнал дека треба да се искористи целиот потенцијал и двете држави да градат вистинско стратешко партнерство.

Од кабинетот на грчкиот премиер, соопштија дека Мицотакис и Пендаровски ја потврдиле динамиката во билатералните односи во сите области од взаемен интерес, а била изразена поддршката на Атина за ЕУ перспективата на Западен Балкан и на Северна Македонија, согласно поставените критериуми.

На средбата во премиерската палата, од грчка страна присуствуваа министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, заменикот МНР надлежен за економска дипломатија Костас Франкојанис, директорката на дипломатската канцеларија на Мицотакис Елени Сурани, амбасадорот на Грција во Северна Македонија Русос Кундурос и алтернативната владина портпаролка Аристотелиа Пелони.

Next Post

Фингер принт – фингер примитивно

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk