ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шахпаска: Со новата Стратегија ја подигнуваме свеста кај работниците и работодавачите и ги зајакнуваме капацитетите во областа на безбедноста и здравјето при работа

October 5, 2021 14:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика денеска одржа јавна презентација и расправа за нацрт – текстовите на новата  Стратегија за безбедност и здравје при работа 2021 – 2025 и новиот Акциски план за БЗР за периодот 2021-2023 година.

Со Стратегијата за безбедност и здравје при работа се добиваат јасни насоки за приорите за дејствување за период од 2021 до 2025 година, а со Акцискиот план за период од 2021 до 2023, се утврдуваат  конкретни активности и мерки што треба да се реализираат за остварување на планираните стратешки цели во  системот за безбедност и здравје при работа.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска обраќајќи се пред присутните рече дека поголем ефект се постигнува со континуирани промотивни активности  за подигнување на знаењето и свеста кај работниците и работодавачите и стручните лица и дека ваквата заложба треба да биде бескомпромисна, затоа што ништо не е поважно од здравјето и безбедноста.

„Стратегијата  го отсликува токму тој пристап и токму тие вредности, преку неколкуте главни пораки кои се провлекуваат низ документот, „Да работиме сите заедно на креирање на безбедни и здрави работни места“ и  пораката „Секој има свое место и своја улога“. Колку безбедноста и здравјето на работното место се навистина важни и неопходни, ни покажа токму и оваа пандемија со која живееме еве веќе втора година. Сите работници, работодавачи, бизниси, институции, беа и сè уште се, на различни начини силно погодени од оваа здравствена криза. Заради превенција и заштита на здравјето, уште од почетокот на пандемијата, од работа беа ослободени хронично болните и бремените жени. Опасноста и превенцијата од зараза на работниците доведоа до голем број на промени во начинот на работа и адаптација на новите услови: работа од дома, работа од далечина, сменска работа, ротации на вработени“, рече Шахпаска.

 

При подготовката на стратешките документи и организацијата на Стратегијата и Акцискиот план за БЗР поддршка даде и Канцеларијата на Фондацијата “Friedrich Ebert” кој е долгогодишен партнер и поддржувач во процесите на подготвување и подобрување на законската рамка, подигнувањето на свеста и јакнењето на капацитетите во областа на безбедност и здравје при работа.

Во процесот учествуваат сите засегнати субјекти кои на различен начин се дел од системот за безбедност и здравје при работа. Тука освен  Министерството за труд и социјална политика се и Министерството за здравство, потоа Државниот инспекторат за труд, Институтот за медицина на трудот, Институтот за јавно здравје и Националниот совет за Безбедност и здравје при работа, како експертско советодавно тело на Владата, социјалните партнери, но секако и  невладините организации и здруженија на експерти од областа на БЗР.

По финализирањето на Стратегијата и Акцискиот план кој ги координира Министерството за труд и социјална политика ќе бидат доставени на разгледување и усвојување до Владата на Република Северна Македонија.

Next Post

Ковачевски: АД ЕСМ е гарант и стабилизатор на цената на електричната енергија, објавуваме меѓународен повик за набавка на јаглен

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk