Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, чија партија но и тој постојано повторуваат „Никогаш Северна, само Македонија“ отстапуваат од ова мото кога излегуваат од државава. По се изгледа не им пречи и не вложуваат никаков отпор или протест кога се потпишани како делегација од Северна Македонија, пишува А1он.
Како шеф на делегацијата на Парламентарното Собрание на НАТО, Илија Димовски е заведен под името Северна Македонија. На неговата пристапница јасно стои дека тој е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Република Северна Македонија, но според досегашните информации тој не вложил протест ниту пак коментирал дека му пречи додека седи во НАТО фотелјата за што зема и дневници.